Девојки кај да најдам вакво за шминка ми треба? Освен од алиекспрес, се плашам да не дојде оштетено и плус не ми се чека толку. Благодарам
провери по продавниците за долна облека, најверојатно да има ми е Лиска, или Ехтриме Интимо во Соравија не сум сигурна колку ќе најдеш..
Каде да најдам жолт капут или некој во јака боја ? Портокалова , јака мастило индиго боја ( иако ова би ми било задна опција ) Само нејќам црвен. Значи некоја друга јака боја И од оние бундички како што има во Suite Blanco , само на вино боја нешто? И да се со подолги влакна побогато убаво да изгледаат , гледав на полно места ама за никаде ми се. Ваму ми се допаѓаа ама другарка ми го земала последното вино боја
Има, од Божиќ им трае попустот. Е сега колку е, тоа мораш сама да си видиш. Во излог пишува 50 %, ама на тоа што ми се допаѓа има 20 % или 30 %, никако 50 %.
Знам дека имаше до 20-30% попуст, ама мислев да не има уште поголем. Бидејќи обично кон средина или крај на јануари одат до 50% секоја година. Благодарам за инфо, ќе одам секако викендов да видам што нудат.
Многу ми прави кеиф кошулава, дали сте виделе некаде низ градов нешто слично? Ако ја порачам од Асос ќе треба и царина да плаќам, не ми се даваат до толку.
На излозите имаат напишано до 50%, ама па внатре пак некако се им е соленко. Провери си сама, зависи што сакаш да си купиш и од твојот вкус.
Како што гледам ова е само за кармини така? Има во Џамбо, 89 денари ама само 9 отворчиња има, точно колку за кармин. Може да послужи и за моливчиња, евентуално маскара. Можеш да си купиш 2-3 ќе му дојде слично ко ова.