Golden point на улица Македонија, прекрасни бикини за 1000ка, сигурно им се лански модели штом се волку ефтини побрзајте јас си купив
Pozz do site na forumov.Ke vi bidam mn blagodarna ako nekoj znae da mi kaze kade mozam da najdam pantaloni kratki do pod kolena so mn dzepovi(nesto kako vojnicki stil,gi vikaat cargo shorts na angliski).Baram veke odolgo vreme,no pretezno vo maski prodavnici ima samo maski modeli.Ne sum videla do sega nekade zenski model na vakov tip na pantaloni.
Каде може во Скопје да се најдат убави материјали за шиење? Значи не од оној шунд со светлушки и кич боја, туку обичен материјал, најнормален...
Оди на женски пазар,сигурно ќе најдеш нешто,не нешто,има се...а и во гтц горе,помеѓу пирамида и елит има продавница за материјали. Јас да знаете што си направиииив....си купив овај нали рамбовки и сакав да ги носам и навечер,отидов на женски пазар и си купив од оние што се шијат како циркони поголеми,помали,во разни бои,си ги групирав убаво и си ги навезов како што сакам!И имам уникатни маички за вечерно излегување,кога не ми треба нешто специјално,балско и импресивно,туку покежуал и за на кафе! Еве ви идеичка,ако ви е досадно и имате креативна енергија во себе!
браво и фала за идејата. јас сум од креативниот тип на луѓе, do it yourself, и баш ми се свиѓа идејава. сигурно ќе ја пробам.
Јас од таму си купував апликации што се лепат со пегла, ептен добри имаше, сега не знам, одамна не сум била. Ги лепев на едноставни маички и суќни, и ептен штосно изгледаа. Треба пак да почнам да го посетувам тој пазар.
супер идеја а нерви има некаде да се продаваат? дека јас немам вишок па да ги трошам на ц'мкање циркони а и брзо се везат? ако е брзо може ќе завршам работа
Абе големки се,не се ситни,со мали дупченца,околу еден сантим е најголемиот,а има и поситни и секој има на двата краја по едно дупче,а имаш и во форма на елипси,квадратчиња,цветчиња,срценца,ма секакви и во сите големини.
Да,да,некои во кесенца ги продаваат,некои по парче,некои по лажичка,зависи која тезга ќе ја фатиш. Јас ги распоредив на една маичка тие најголемите ѕвездасто околу јаката на маичката,имаше порано слични во теранова,една направив тук таму групирани различни циркончиња на прерамките,друга со крупни циркончиња низ цела маичка расфрлани и една со поситни во облик на кругченца,почнувајќи од јаката горе густи,па како се шири надоле маичката се поретки и поретки.Ехеее само малце имагинација и има илјада комбинации.
И јас имав како помалешка така направено една блузичка, ама сега од којзнае кога не сум сретнала такви рефусни циркончиња Баш ќе побарам деновиве. Фала Лилитке што ни даде ваква идеја , сега патентирај си ја, оти сите ќе не гледаш со уникатни блузички
Јас лани летото така си направив, башка крадев идеи од интернет и си направив маички мнооооогу поубави и уникатни. Годинава не сум отишла на женски пазар, ама деновиве ќе си купам нови рамбовки и пак ќе си навезам Фала Лилит што ме потсети дека е време за креирање