Охооо, си ја најдов во ПРЕНДИ, за 220 денари и тоа 90 посто ко што замислував. Абе среќа сум ! Во Пренди има доста убави работи, јас одамна немав отидено, ама се изненадив човече се е за 220 денари на попуст, убави работи искрено за секој по нешто ќе се најде @Angel4eeee што е тоа Јани и Јани? Некој бутик ли?
Женски, препекав за убаво бело сако! Барам долго време, иако одамна не сум била низ продавнициве, па ако некоја знае и видела, би била фина информација Секако би сакала и цена до 1500 макс. Секогаш пребарувам во Бершка, Страдивариус, Калиопе, Макпримат, ама нема чисто бели, сè некако светло-розе или жолтеникави се. Одамна не сум била во Евроазија, таму знам дека имаше голем избор, барем порано. Ако знаете - тагнувајте ме
@ludoto19 и јас го видов ова попладнето. Кога го видов она 2 маскари за 400 денари, очите петбанки ми се сторија. Значи се исплатеше тоа што кукав по темите дека се прецениле, вака веќе може, деновиве одам да се подновам! Само се надевам дека рокот не е пред истекување.
@ludoto19 за жал не, одамна не сум користела ампули, иако кога гледам вакви попусти, ми доаѓа некој таков наплив, некое глупаво чувство дека сакам да купам се`, па макар било и најголемата глупост.
Леле, сeтовиве ептен ми паднаа во око... пристапна цена, а мислам дека Дебора имаше солидна декоратива. Ај ќе поминам да видам кој ќе ми фати око. Не дека јас се шминкам којзнае колку, ама вакви сетови ми се попрактични отколку десет единечни пакувања на сенки. Фала за споделеното инфо, а до кога е попустов/промоцијава (сеедно што е)?
Има некоја искуство со продавницата за чевли на Парис Хилтон во Капитол. Уствари не со продавницата туку со чевлите Голем попуст има за Валентајн изгледа па да знам дали да одам до таму?
Можеби малку ќе те разочрам, ама тоа е. Јас не сум воопшто задоволна од овие сетови на Дебора. Повеќе ми се допаѓаат малите палети со по две-три сенки и руменилата купени посебно. Еднаш се прелажав да земам сет и верувај, така ми стои по дома - пигментација незадоволителна дури и со претходно нанесена база, ми се ронат многу лесно и навистина многу се разочарав. Пишувавме пред некое време во темата за сенки, разлистај ќе видиш дека повеќето искуства беа многу слични со моето. Попустот трае до 22.02.
Благодарам за споделеното искуство. Немав читано во темата за сенки, а не знам зошто си мислев дека овие палети се добри. Во секој случај, ме поштеди од непотребно трошење пари. Подобро некоја друга палета да си купам, макар и поскапа да е.
дали знаете дали има конверс на бит пазар од понеделник планирам да одам со сестра ми па она сака да си купи ама не мора да се оригинал