Во Мак Џинс, околу 1000 денари им е една кошулка, убави се и пристојни баш ко за на работа, во секакви бои имаат. Јас купувам од Зебра, незнам на која друга локација ги има.
@Avenged едно парталче е, најди некој нека ти го сошие. Имам такво бело само на кратки ракавчиња, одма ми го сошија.
има голем попуст во евроазија на вакви, сабајле бев. Имаше многу гужва и голем попуст генерално на џемпери али можат и други работи да си најдат
ДО 15ти Септември има летна распродажба низ цела Европа, најдобар период за шопинг на летната гардероба, но секогаш имаат изложено и пролетна/зимска/есенска од поодминати колекции. Најдобри места за шопинг се трговските центри, не се лажи по продавничките низ уличките во центарот или каде што има знаментости и врие од туристи таму е доста поскапо. Најдобро види каде има шопинг мол и упати се таму сигурно ќе начекаш супер попоусти тој период.
Саκам да пρашам κаде има во Сκопје пρодавница Pandora и κоја цена се сρебρените бρазлетни и пρивезоци отпρилиκа...
@Grungie Продавница на Pandora има во Сити Мол. Еве ти линк од нивната интернет-страна http://skopjecitymall.mk/pandora/
Не сум сигурна одделно колку е приверзок.Но другарка ми за род доби нараквица со 4 приверзоци и рече коштало околу 12 000 ден.
Не сум шетала, дали сте сретнале некаде убави, добро изработени кафеави оксфордки ? Исто каде да барам не многу скапа кожена кафеава јакна сега за пролетниов период ? Благодарам.
Кажувајте дали сте виделе по Скопје од овие шишки што се закачуваат.Едно време нели ги имаше по Њу Јоркер или некаде...Итно ми требаат.