Росоњерка и во новото Веро ги има во таа продавницата доле за саати . Не знам колку точно се . А на пазар гарант има .
На бит пазар има црвени со црни рамки или црни со црвени рамки по 180 денари се другарка ми си купи вчера
Цурки,од каде да најдам панталонки со ластик доле на глуждот,ама не од оние широки шо се носат сеа.Значи да бидат тесни ама со ластик...бев во еуроасиа ама сите беа широчки
Ако ги има истите работи во продавница како на страната, провери Tally Weijl. Баш ги заприметив.. Ако ти се допаѓаат овие,трк до Tally..
Бил ли некој во Рамстор деновиве? Има ли нешто интересно во бутиците да се купи,а и салонки барам некои интересни, па да не одам џабе да губам време, ако нема ништо?
Кога треба да купувам чевли ми се плаче Кога гледам колку избор на чевли има, а јас сум ограничена бидејќи носам 41 и тоа зависи од калапот, ако се погоди поголем. Кога влегувам во продавница прво што прашувам е дали имаат воопшто 41, и ако има тоа се некои 2-3 модели што не ми прават ќејф. Девојки помагајте каде да си најдам убави чевли!!! Spoiler Едит: сакам со полна пета
Видов во евроазија имаше подолги сакоа во различни бои,а и со риги имаше,околу 1000 денари беа.Побарај таму
Денес си купив јас, од Теранова јас носам ХХЅ цевка се и тесни ко хеланки! Побрзај, останати имаше само 1 ко што видов тексас боја темносини, другите беа како зачадени сиви тексас бои:/ А и овие се фармерки и ластик имаат горе кај струкот наместо патент а доле немаат..
Ја бев денес и не најдов ама баш ништо повеќе има во ГТЦ :/ во Спрингфилд е истото што е, Калиопе има можеби избор ама височки цени и ништо посебно не ми фати око:/ Фиори-ништо не ми се засвиѓа посебно. Убави работи во ГТЦ има во Теранова и Еуроазија според мој вкус а во Еуроазија има огромен избор ама високи цени :/
Девојки ај одам за некој ден за Ск па сакам да си купам штикли за матурската па препорачајте некое место каде што има убави штикли. Инаку кои и се цените јас давам до 3000ден некаде
Ехее 3000илјади екстра добри штикли може да си најдеш тука се наоѓаат убави и до 1000и нешто ама тоа е повеќе за тие тука што живеат па шетаат почесто и по продавници и трговски и знаеме како се движат цениве, па попусти фаќање па што знам.Премногу продавници за штикли има тука, конкретно ГТЦ шетај од продавница до продавница не се знае кој модел може да ти се засвиѓа види во Ил Камино може и Рамстор таму има Бата и Адамс Шус. По другиве трговски не сум шетала во последно време последно бев денес во ГТЦ и Рамстор.