Штикли малку нашпиц крем боја намалени некаде да не знаете да има. И поевтини нека се пошо за едно облекување ми се
на зелено пазарче, комплет од 1300 до 1800 и тоа јако добра копија на адидас и најк, мислам дека адидиас им се поквалитетни, имам купено повеќепати и машки и женски
Avanti, Кисела Вода, вчера поминав таму и во Chantelle и Кронос нели сите во еден ред се тука, Аванти има најмали цени, крем со благ шпиц од 600 или 650 беа. А мислам и во Кронос видов за истата цена, но малку потемна крем од вообичаената и на медиум штикла, ниту тенка ниту дебела. Инаку некој да видел елегантни целосни пантолони но да има повеќе избор не 5-6 модели?И со нормална цена до кај 2000 негде, со + 200, 300 денари.
@bubic.k Дааа, таму се совршени, ама сега за едно облекување за на свадба некако не ми се дава таа пара, па затоа барам со помала цена, инаку фала ти
Види ја оваа на Essence мислам дека е таква каква што бараш. Или некоја од овие Liquid Metal сенкиве на Catrice може ќе ти одговара.
Имате попуст на шминка, декоратива и пудри во Голден Роуз од марката Класик, и тоа добри попусти се, нема повеќе да носат Класик они па затоа ги намалуваат
Тешко дека ќе најдеш, види во чаршија, ама не знам што ти е пристапна цена, сепак свечените фустани се поскапички. Мене ме фати последно кога шиев околу 1600 денари, а добив уникатен свечен фустан, ама шиев кај роднина која ми зема минимум и ми посвети многу внимание за да го направи ко што треба