Бит пазар 180 денари на тезга одма карши почетокот на чаршијата. И зелен пазар по 300-400 денари истите нормално ги има на многу тезги. Шатце 400 денари. Се едни исти се, само во зависност од местото кај ги купуваш толку ќе си платиш. Ако одиш во Шатце едни ќе купиш, ако одиш на Бит Пазар 2 пара за истите пари ќе си купиш во разни бои.
Знам дека поодамна прашувавте за платнениве пролетни патичиња, во Спрингфилд знам ве читав дека ги има. Дали сте ги виделе на друго место слични такви? Ми требаат хитно за во вторник за подарок па да ми помогнете
може да пробате да проверите во тц соравиа, иако ако најдете таму се ббаеги скапи...се надевам дека помогнав малце позз
Девојки ајде хелпппп...прво кажете ми каде све има biana shoes во скопје-освен гтц,таму бев,и каде да ги најдам некои од овие кондурки-од бијана шус се,некоја што била скоро да ми каже дали ги има сретнато некаде??
Во ГТЦ кај провери? Има едно во подрумот одма штом се симнеш од скалите кај конверс и десно се наоѓа продавницата за чевли, од страната на Кам и Веро е. После имаш во една продавничка во ГТЦ на приземје гледа накај жена парк , префрлена е таму продавницата, порано беше карши Словеаниа спорт. Мислам карши Бенетон е сега. После имаш во ГТЦ на прв спрат карши Манго. Имаш во Буњаковец на втор спрат. Имаш во Беверли на најдолниот спрат. Имаш во Ченто близу поранешниот ФОН сега е нели АБ канал. Имаш во Автокоманда карши Стопанска банка. А мислам дека ги гледав и во некоја продавница во Кисела Вода не ме држи на збор, ама сигурно има и некоја таму продавничка со нивна роба. Овие со сигурност јас ги знам што држат Биана
За кој спорт ти се? Провери во Нју Баланс, Спорт М они држат Најк, Адидас и Пума.. баш вакви исти неам видено тука.
Вакво кошулче - како на сликава слично има во бутик Вип во Бутел 1, тоа е комплексот кај СП маркет, а во истиот комплекс има уште два три бутици кај што имаат кошулчиња во ваков стил, па ако ти е блиску населбава, прошетај и може ќе најдеш нешто.
ХЕЛП ! Случајно да не сте виделе вакво фустанче во Скопјево? Spoiler немора да е иста шара, само ваков модел
Ги има сегде низ градов, од 800 денари па нагоре се, имаш и многу поубави. Прошетај низ центар ќе најдеш 100%