Женски во среда сум на веридба и сакам да си купам некое кратко фустанче во светла боја. Дали имате видено некаде во трговскиот кај Градежен или во центар такви тесни фустанчиња до 2000 денари ?
Прошетај го цел Гтц ќе најдеш Околу 1000 се секаде комплет, оделно има во Сара Фешн, горните 690, голните 390. За девојки со облини има секаде, и ефтини и скапи, но мали бројчиња никако да си најдам.
Да не знае некој каде може да се најде такво за одозгора, не можам да го наречам џемперче, ама е со долги ракави, со дупчиња ептен лесен материјал и не се закопчува, видов во една локална продавничка ама одма другиот ден се продало, па затоа сакав да прашам да не има некој некаде видено нешто такво, затоа што отприлика робата е таа за сезона..
Имам приметено дека неколкуте пренди низ градов што ги знаев, сите до една се затворени..и другарка ми има кажано дека истото го има приметено и дека шетала низ град и не наишла на ниеден од тие што ги знаела..
Дечки, имало некое продавниче што држи чевли на чик куманово, и се наоѓало карши золи, во близина на специјал. Каде е тоа има некој претстава? tnx
Девојки каде можам да најдам памучни floral leggings , по можност со некоја подискретна шара, да не вриштат од бои?
Девојки може ли некаде да се најдат вакви сукњи,и исто ме интересира каде би можела да најдам пошироки бели панталони со висок струк
Јас имам од Сара Фешн од пред една година купени. Не се чорапа-материјал, потенки се од овие на сликава, ама не се проѕирни. Види побарај, ептен се класика, обични, сигурно се продаваат уште.