Јас порачав од нет, ама не сум задоволна ич. Не се корисни дефинитивно. Ако сакаш ќе ти дадам линк,а во Скопје не знам дали има..
Има по пазарите каде што продаваат долна облека. Инаку бев и јас рамстор и најдов комбинезон што ми се допаѓа го пробав и краток во ногавиците. Се разочарав, влегов во Waikiki најдов точен 1600 денари некако и не ми се даваат толку пари.
Ги има во Jumbo... обично се до 250 денари ама знаат за матури или празници да им качат цена и до 400 денари. Јас ги имам купено и многу сум задоволна од нив, се лепат на градите и немаш потреба да ги подместуваш цело време
Слободно побарај вакви во било која подобро опремена продавница за долен веш. Сигурно има, јас имам купено два пати, и дефинитивно бркаат работа, само што треба да внимаваш да не се ставаш млеко за тело претходно, бидејќи ќе ти се одлепуваат од кожата.
Фала ви девојки многу, уште едно прашање како им одат бројчињата? Дали се исто како стандардните градници или?
Јас имам таков,380 денари го купив од Сара Фешн.Стриктно бројчиња нема,само големина А,B,C и D,нели само големина на корпите,пошто секако немаш заден дел за закачување. Ич не се скапи,а се доста корисни,после носење само исчисти го со влажна марамица и спремен за употреба уште многу пати.
Ima vo New Yorker mislam deka bese 699den. A i vo jumbo ima za 299 den ne e loso ubavko e belo so lenta