девојки шетав деновиве низ град и премногу се изнервирав сакав да си купам маи4ки се што видов се или кошули долги ма да ок тие се носат сега но со маи4ки туники претераа или па се премногу свечени сакам нешто по спортско ама секси без некои детцки шари
На зелен пазар знам дека има 2-3 тезги со вакви и секакви марами и има огромен избор и тоа од теткински и бабински до интересни и убави треба само да си разгледаш. Барем знам дека имаше пред некои 7-8месеци ама валјда има сеуште
Во ТЦ Бисер во подрумот во ден од двата проласчињата (мислам првиот кај фотокопирницата) ќе видиш нова продавничка со интересна гардердоба, има малку избор но супер парчиња (за подобра ориентација до неа се наоѓаше продавница за чевли) Во неа имаше 2 модели на цветни корсети. Еден цвететен со градник на него, и подолг од овој на сликата, не е толку краток А другиот модел исто цветен, само е без прерамки и на средина има убава машна цветна не е многу забележителна од материјалче е си паѓа убавко онака. Јас сум разочарана зашто нивната 40ка. Имам многупати пробувана од Гари чевли и секогаш се ми било премало да не можам да ни ногата да ја ставам
преубави корсетчиња имаше во евроасија,прекрасни се и имаш секакви моделчиња....боже кога ке влезам таму, срце ме боли што не можам сите да си ги купам
Мене ми беа точни 39ката. Инаку разгледавте ли во нована ОВС Индустри,карши Теранова до Акцесорис.Јас бев на отварањето,нема нешто посебно,а цените се прилично високи за мој стандард.
Феминки да не знаете каде можам да си најдам некое вакво фустанче или или па некое обично црно тесно фустанче, и од прилика колку пари се? Фала однапред.
^ Имаш слични во Tally Weijl и New Yorker, колку што забележав последниот пат кога бев. Инаку популарни се доста сега, па не ме чуди и да има низ другиве продавници, прошетај убаво ќе најдеш нешто вакво, со сигурност!
Имаше во рамстор, во Бершка, фустан како тексас сукња доле, а горе маичка цветна, ама на прерамки(како на првата твоја слика). 1600ден мислам беше А црно тесно во Њу Јоркер.
Јас си купив вакво исто,само горниот дел е една боја тегет,а долниот дел тегет со бобици..650 денари..од една продавничка кај другарка во Ѓорче Петров