Феминки, ми треба помош! Барав тука, барав едно пола саат-саат, глеав, глеав, читав, читав и никако да го најдам соодветниот одговор! Ај некој ако знае нека ми каже каде можам да најдам маици со слики на нив од некои рок-бендови во куманово и која цена се?! Имам дома две-три, но веќе не се за носење...пред година-две си купив од скопје, но сега немам шанса скоро да отидам таму, а деновиве ќе одам во куманово, па би сакала да си купам неколку, а појма немам каде можам да најдам такви. Фала однапред. Поздрав.
Видов вчера една девојка со ваква слична чанта..можеби и требаше да ја застанам Дали знаете каде да можат да најдам ваква? Кога веќе прашувам.. прстениве..
ваква ташна иста видов 750 мислам дека беше али бела,не сум сигурна дали имаше и црна во трговски на 2 спрат како на ќош е едно продавниче,во близина на манго, се со ташни е
Rossonerka А другиот модел исто цветен, само е без прерамки и на средина има убава машна цветна не е многу забележителна од материјалче е си паѓа убавко онака. која цена се??? сакам како овој на сликата ама подолг, до кукови такви ли беа???
Па пишав цена на истата страна 800-1000 тука некаде. Ама од овој модел имаше едно останато, од другиот модел 3 корсети со различни шари. Вајда универзален број. Иначе без патент беше. И тенко материјалче, не е баш вакво ко на сликава, ама јас друг модел сличен во градов не сум видела, мож има ама ете да ги бараш у забутани продавнички Али во продавницата се брзо се продава. Има шанси и да нема. Многу многу убави работи има, малку ама одбрани работи. Не ко другите продавници во подрумот на Бисер неможеш да пребаруваш оти се е пренатрупано а се е кич од пред 10 години им стојат работи
Девојки знае ли некоја од вас каде можам да најдам некои слични вакви штикли,мат кремаста боја,не мора да бидат отворени напред...
За прстениве види во Софи бижутеријата карши Манго што е, Росонерка ја имаше спомнато неколку пати... Има слични вакви, последен пат кога бев видов...
Девојки ХЕЛП!!! Ми требаат ептен итно балетанки онакви рамни и најобични се инспирирав скрос од темата за направи сам и решив да си искреирам суперкул балетанки!! Е све тоа супер ама балетанки јок! такви обични а да не се по 900-1000 незнам ич кај да најдам!Некоја идеја? И исто така барам палто црно и најобично на цел свет единствено што ми треба е да е подолго од обичните т.е. да го покрива или бар полупокрива задникот Вака нешто
Балетанки ефтини побарај во Аванти и Трафик, таму би требало да најдеш. И со среќа во креирањето Додека сакоа подолги има во Евроазија. Баш ваков машки модел. Последен пат пред едно 2 недели видов сиви имаше, додека зимово имаше голем избор црни, сиви, на риги... А може уште има и од тие, сивите случајно ги видив. Не верувам да се прескапи, јас моето џабе го купив зимово на попуст 1000ка. Мож имаат уште попуст. А и во Евроазија во Веро Центар ги имаше зимово истите.
Мислам дека некоја девојка на форумов баш напиша дека купила такви обични балетанки од кинеските продавници за 300 ден. Побарај на темава малку поназад, можеби ќе го најдеш постот, имаше и слика.
Девојки,каде да најдам кратко сако со друг дизајн на ракавиците кога ќе се превртени ? низ Скопје секакоо...
Ви благодарам девојки на сите денес се изнакупив Купив црно сако од евроазија за ич пари (малце ми е големо ама за тие пари теснењето ми доаѓа гратис), 2-3 маички, шорцеви по 300 денари и најдоброто-летни чизми за 500 од кинеска продавница (истите се во продавници и по 2000-3000 денари!!) Уште балетанки не најдов ама ќе биде ваљда ќе проверам и таму кај што ми кажавте па ако има нешто ќе пишам! Да ве известам и дека во Јуник има страшен попуст на кој му треба нешто козметика правец таму (си купив Викторијас сикрет млеко за тело за 800 денари а пошто имав и некои поени го платив 500!) Денеска како што видов шетајќи имаш кратки палтенца со дезен на ракавите во евро азија по 1500-1800-2200, во Вип 1800 (преубави и со пуфнати ракавчиња плус дезен) во Фиори 1500 и во Котон ама таму се поскапи. Имаш и во Теранова не со дезен кога ќе ги превртиш ракавите туку цели цветни!