Каде во Скопје можам да најдам квалитетни, машки боксерици? Цената не ми е битна, само да се навистина добри. Да го почастам дечко ми малку, заслужи.
Девојки прашав еднаш ама ке прашам пак.. Каде низ Скопјево можам да најдам ваква сукња и долга и кратка?
Каде има поголем избор на декоративни свеќи? Во форма на срциња,ружи ова она Освен Џамбо,не ми фатија око таму
Струкирано сако, малку подолго, до половината на задникот? Секако би сакала нешто поевтино. И ме интересира каков квалитет е гардеробата на Манго? До сега ама баш ништо немам купено од таму, а гледам заднава колекција е баш како за мене и моја возраст, а и сакоата изгледаат супер (уште да беа поевтини ).
Немаат лош квалитет на облеката @Kitten, ама според мене се преценети и тоа како! Фармерките им се со солиден квалитет, кога се на попуст ми се најисплатлива опција, достигаат фини цени. Кошули, маици, џемпери - ништо посебно, а со превисока цена, дури и на попуст. Капутите и зимските јакни им се прекрасни и аналогно на тоа прескапи во екот на сезоната, а сакоата се тука некаде со квалитетот како и оние од другите „брендови“, иако морам да признаам дека многу ретко сум успеала да најдам соодветен број како за мене.
Значи да не се улетувам одма по тие сакоа, да пробам да си најдам на друго место. Знам само дека несакам од Бершка или Њујоркер, катастрофа квалитет се, а ми треба сако да потрае не само една сезона
Види ги ако вака ти се допаѓаат моделите на слики, фини се и удобни, но навистина претруваат со цените и не вреди едно сако толку многу. Обично секогаш во октомври/ноември имаат неколкудневен попуст од 20% на целата роба, можеби тогаш ќе ти се посреќи, ако нели не најдеш во меѓувреме. Инаку, фини сакоа имам купувано од Stradivarius. Моментално имаат еден модел, баш е таков каков што сакаш, но малку пократко доаѓа и чини 1990 денари. Види го и него, можам да кажам дека Stradivarius се со нешто попристапни цени од Mango, имаат доста разновидни артикли и солиден квалитет. Барем далеку е од оној на Bershka и Newyorker.
На ќошот на 24ти јули на Битпазар има еден дел каде прават и по порачка сакоа. Мене ми се прекрасни оние од излог, а не сум влегла да се распрашам како оди порачката, но имаат и готови. Ако не се лажам се околу 1000 денари и квалитетот е добар. Пред неколку години тетка ми си соши костим таму и еве ден денес го носи. Исто и мајка ми соши едно како сако, преубав и квалитет и изработка.
Девојки помош Каде можам да најдам платена сламена ташна за плажа? За Скопје, Охрид и Струга прашувам.. Нешто налик на ова http://www.everythingbutwater.com/a...s/florabella/bags/51734 nimes-large 2317.html