Да видиш во буњаковец во подрумор, до маркет КАМ, имаше еден дуќан само бели матерјали и чипки продаваа, демек невестински. И имаше поуникатни матерјали од женски пазар. исто така во чаршија има дуќани со скапи матерјали, свили и вакви ко со монистра, но треба да ги знаеш каде се, јас не знам другарка ми си купи за свадба стварно уникатно и убаво но околу 100 евра метар
Пишав во друга тема, ќе пишам и тука. Каде да најдам мат свилени хулахопки, 15-20 денски. По можност поевтини од Помпеата.
Ќе ти предложам да видиш во пенти или сара фешн и да побараш хулахопки полна мрежа, преубаво стојат на нога и најбитно не светкаат. Па види дали ќе ти се бендисаат. Од пенти се околу 200 денари а од сара фешн нешто поевтини.
Здраво девојки може прашањето не е за овде, но може некоја знае каде да купам самолеплива хартија од оние со дезен како дрво. Во џамбо и рамстор барав нема. Фала ви многу
Марина имаш убави ролки од вискоза во Страдиварус на бело,црно и уште некоја боја имаше ама не памтам за 599. Слични имаш во Калиопе за 699 истиот материјал одма на почетокот стојат во скоро доста есенско-зимски нијанси со тоа што ако земеш 2 втората е на 50%. Јас имам и од двете места земено само чекам да залади да се снабдам со уште некоја боја