Да не знаете низ Скопјево каде можам да најдам некој вакви штикли само пониски и светло розеви по можност,може да се и црни нема врска ?
659 денари се. Само се платнени и најмногу за една сезона. Кремасти друг модел асален по градов не сум видела. Денес бев и во Шевињон и све има ама крем-кафеаво-златно нема
Исти скрос исти вакви има во продавничката на влезот од трговски од задна страна што е. 1600 денари. Има и во Фиоранџело и во Шевињон а и во тоа карши Шевињон ама таму се по 3000 па и поскапи (во Фиоранџело се 5000!!! будали луѓе)
Леле денеска ги видов и утре идам ги купувам Во Албатрос мислам дека се викаше тоа,кај Спрингфилд во пролазот што е. Ваква иста боја се ,има и циклама розеви.Ептен се високи,само што платформата не им е обична ваква него е ко во неколку слоеви ,незнам како да објаснам Ама битно преубави се. А да ,2000ден се
сакам да си купам ваква сукња ко на сликава(може и малку подолга) ама не знам каде да најдам . Мислам дека негде прочитав дека имало вакви во Еуроазија ама јас не најдов нигде. Ако знае некој каде има ваква нека каже каде и колку цена одприлика. Фала однапред
Феминки во Адесо во трговски(спроти влезот на Соравија до продавниците на Рубин )има кремасти салонки по 1200 денари
Некоја од девојките спомна дека во ТЦ.Бисер се отворило Купи евтино и баш денес поминував има мн. цветни работи ама онака "блиц" видов дека немав време.И си го видов цветното топче-корсет од Боди лајн кој е 950,а тука 500ден.
Каде во Штип можам да најдам, некои цветни блузички,ама да не бидат многу скапи? Spoiler Не сум била по продавниците,немам време за шетање и барање.
Во Евроазија Ангелче има исто само црно 1000ден ама од бројчиња само ХЛ. Помали бројчиња има темно сиво. А ако не ти е битен многу материјалот т.е. ако ти е ок да е и полетно палтото има и за 600 денари
Сакам да ве прашам каде имате видено убави фармерки, го прошетав цел град и не знам не ми се допадна ништо посебно...Значи некој модел како овие светли, малце искинати тесни И да веќе кога прашувам каде би можела да најдам вакви очила Ми требаат за со диоптер. Фала однапред
^ Во Шатци има вакви едит: сега видов дека со диоптер си пишала подолу А за фармерки ако ти се даваат малку повеќе пари иди во тели, барем мене таму секогаш ми се супер фармерките. Имаат донесено такви светли тесни