Јас сакам да прашам во однос на цени во тоа Doca како се движат? Конкретно за паричници и ташни ме интересира. На фејсбук страната се што им е објавено е без цена. Фала
Doca по цените се слични (ако не и малку пониски од) на Бата и Пеко, со тоа што имаат многу пооргинални модели, барем на чевли. Вистинска животинска кожа е и Doca е од Грција, ако ти значи нешто. Имаат и производи од еко кожа, паричници, чанти и чевли. Sara Fashion, сосема пристојни подвезици и за 250 денари (има и поефтини).
Јас како што знам во Doca освен ракавици за зима и тоа само одредени модели, друго нема ништо кожено, но сепак имаат доста интересни модели на многу производи.
^ Ако може и телово да каже некој кај да се купи (за мене прашувам) Каролин вакви сукњи имаш секаде по Сити Мол... од 600 до 1000 им е цената. А дечки плетени чорапи до колена? Не ми требаат шарени, сиви и црни може, само квалитетот ми е битен.
Сара Фешн како најевтина опција - квалитет солиден, а исти такви чорапчиња има и по дуќаните во Сити Мол. Јас лани си купив од Pull&Bear за околу 600 денари, за потоа да го видам истиот модел во Сара Фешн за половина и повеќе пониска цена од оваа.
Имаш во продавница во ГТЦ ги гледав пред некој ден, сега не се сеќавам како се викаше продавницата ама се наоѓа од страната на жена парк пројди ги тие продавнички што се за чевли од таа страна ќе најде нема да промашиш на излог има
Јас си купив пред месец дена такво здолниште, само не скроз црно туку со црно-бела шара во Stradivarius во City Mall,600 ден. Имаш доста избор таму и исто така во Pull&Bear.
New yorker за здолништето, ми се чини 649 беше, ама не ме фаќај за збор, вчера баш ги гледав има и шарени и на сива нијанса.
Женски каде можам да си купам евтина црна широка сукња и по која цена, ама сигурни информации ми требаат, ви благодарам
Каде можам да купам квалитетни црни, високи чизми до 5000 ден? Обично купувам од Баргала, ама слушам некои се жалат сега од новиот квалитет.
Биана за квалитет. А, не знам и за Баргала кој се жали, кога Баргала исто се многу квалитетни. Види во ГТЦ во Свон Шус на втори спрат е одма до скаличките. На Баргала беа 3600, баш вчера проверив и имаат прекрасни модели. Исто тука до него е и Шевињон. Штом буџетот ти е 5000 можеш да најдиш убави модели. Само немој да правиш утка ко мене Бершка, Зара, тие фирми. Ќе ги платиш исто колку, чак и поскапо од Биана и Баргала,а нема да ги носиш ни една сезона.
Јас лично кажувам не, за нивните кондури и ташни. Сестра ми имаше сандали. За месец дена се одлепија, а и беа неудобни многу. А исто така и ниски чизми.За многу кратко време и се одлепи ѓонот. Ташна имаше мајка ми, купена кај нив исто така, која за неполн месец кај рачките пукна. И веќе не купивме ношто слично. Чат пат од облека може нешто. Имаат убави работи, но кондури и ташни веќе не. А и во Турција Ваикики беше значително поефтин, што се и подразбира, нивен бренд е, но сепак кај нас премногу се качени цените за просечен квалитет.