@Regenbogen Не знам дали таа продавница е преместена на друга локација или се работи за нова, но во редот на продавници на Бит пазар пред ДМ, забележав дека е во фаза на подготовка за отворање продавница 4ever.
Здраво на сите! Каде да најдам фармерки со висок струк, многу тешко наогам а под итно ми требаат, цел Сити Мол го свртев така да на некое друго место, каде? У скопје.. И чизми исто така високи освен у Сити Мол за секој ден, некои местенца предложете.. Фала
За длабоки чизми можно да е рано, но од кратките чизми има секаде...Гтц, стара рампа, битпазар дуќаните до 26ти јули....
Исто барав и ја превртев цела Битола и вчера така случајно влегов во Јавор и го здогледав во еден бутик. Ама цело е со златни патенти, златни копчиња, а многу мразам златни детали. Ако си заинтересирана во бутиците на прв спрат. На друго место немам видено.
имате видено низ Скопје вакви чизми? ( само не на штикла и не мора тоолку високи) Едит: Сликиве повеќе пати ми се ставиле хах
Во ГТЦ во бутик ЕМИ или ЕМА се вика мислам дека најгоре се наоѓа. Едит: Исти вакви како на сликава имаа а сега дали уште ги има не знам провери.