Јас лани купив за 650 денари од ГТЦ на втор спрат, има една мала продавница шо продава и чанти и нараквици, и такви работи. Добар беше новчаникот, поквалитетен од ефтините пазарски и дечко ми уште го користи и е многу задоволен. А имам видено и над 800 денари во Буњаковец во продавниците.
Девојки,некоја од вас да ме упати на место каде што можам да најдам слични на овие чизми или да ми каже од Биана колку се отприлика, во некоја од продавниците каде ги има? Благодарам однапред
Има ли некоја девојка од Куманово да ми објасни каде точно се наоѓаат тие продавнички или магацини се не знам каде има убави и со пристојни цени чизми?
Високите беа 4.000 или 4.200/4.700. Толку се движеа, околу и над 4.000. Јас ги гледав во Памс, во Карпош 4.
@kmaja Не знам колкави и конкретно какви бараш, ама баш прееска пред Стружанка поминав и имаше убави перничиња малецки лаванда боја.
Провери во продавничките на Битпазар мислам дека најскапите се околу 2000 а мн. слични модели имаат кои ги имам забележано и во поскапите продавници, само секако веројатно има разлика во квалитетот.
Дали би ризикувала да си порачаш од Али? Јас одамна ги меркам овие http://www.aliexpress.com/item/Sexy..._73_74_75,searchweb201527_4,searchweb201560_9 додека целосно идентични има и во Лусидо https://www.lusido.mk/Женски-Чизми-p703.html само цената им е малку 'солена' за кинески квалитет