Ви благодарам на сите за одговорите и за поддршката. Стројници може, прифаќам и тоа, не е проблем. Може треба да го сменам насловот на темата во "Барам стројници" Bah, не знам според што заклучи дека сум ептен глуп. Кога ги прочитав твоите коментари, прво што ми падана на памет беше онаа народната "Сит на гладен не верува". Господ не не создал сите исти (за среќа), инаку во право си кога велиш дека не можам да освојам спонзоруша. Тоа и не го сакам. Со агенции не сум пробал, мислам дека тие работат само за сопствениот профит. Ако има некој некакво искусто со вакви агенции, нека напише тука. Местата што ги предложивте, Џубокс, Мистер Џек, Балет и Салун, не ми се познати, но планирам да ги најдам и да видам што избацила поплавата Можам да си дозволам неколку излегувања во месецот.
Па стварно поарно да си купи неголи по фејсбуци да бара, мене поочајно нешто од манијачко додавање пријатели на фејсбук ми нема. Или па стројници, еве сега во памет ми текна на една мома, комшика моја, немажена е, 30тина години ги има како ништо, ако не и повеќе, без дечко, не памтам да имала... А фина, паметна, вредна, не знам оти девојчето така остана.... потпрашај вака по луѓе, секој знае некој што уште не му се поклопиле коцките. И стварно нема ништо чудно, ете таква му била среќата, од кај да знам, може и јас по 20 години уште немажена, штета што кај нас не функционираат овие сајтови за запознавање, саде манијачишта ќе бидат.
Не е убаво да му смеете на човеков кој фино си го кажа својот проблем. Едно мое размислување, да почнеш да се движиш, ете нека биде и на фб ама таму е малку специфично.За овие од Албанија баш пред некој ден ми ожени братучед, наводно се запознале на фб што мене ми е симптоматично.Не е тоа битно битно е тие 2-ца да се согласуваат.И сум чула многу пофални зборови за Албанките.Ама...секој случај е приказна за себе. Знам дека најдобар е конкретен предлог , за жал само една познавам , така во години и немажена ама ми се чини не е психички добра.Ти посакувам да си најдеш побрзо сродна душа.
Само не губи волја. Ако изгубиш волја и надеж тогаш е лошо. Еве како утеха имам роднина којшто има над 50 години и дури сега се ожени. Добри совети има тука, најбитно од се излегувај, дружи се и за да не ти биде незгодно низ шала со другарите почни, зборувај на таа тема, можеби знаат некоја која што е во иста ситуација како тебе, па да ви наместат состанок.
Peco ako ne drugo covek od merak da ti posaka brzo resavanje na tvojov problem za koj si prizna a ne podmolno da se pikas po poraki i laskanje na sekoja od forimov po red,pa na koja upali na taa. Moze osamenosta te naterala na ovoj cekor ama barem zasega ispaga deka si kulturen i ostani si takov bez razlika na navredite upateni kon tebe. Koj zasluzuva a koj ne zasluzuva zena samo eden znae.
Ако е вистина ова му посакувам среќа на Пецо во потрагата ... ама некако не ми се верува , ми звучи како зад никот да стои некој трол ептен ми делува стручен и увежбан во се што напиша , а вика дека сега се зачленил , па брате велиш 43 имаш а си многу срамежлив, ете имаш друштво оди во кафана со нив , не мора да значи дека секогаш ке се пијанат , друга опција ти е да пуштиш абер по познаници по роднини може ќе се најде нешто, немој од Албанија да бараш , не се некои цвеќиња и тие , и да се потпишеше барем Пеце не Пецо ко дедо исто можеш да пуштиш смс на ДМ САТ , сериозно не се шегувам , еден мој познаник таму си најде жена и замина Германија гуд лак !!
Jas pak pomisliv na dupli profil ama da ne gresime dusa. Mooore ova so dm sat mene najmnogu mi se dopaga kako predlog dosega.Samo pod uslov da ne spomnuva finansii. Za sekoj slucaj deeeee...Oti obicno site od situirani po siituirani se pisani niz takvi mesta.
Чекајте малку другари. А првата врска зошто не успеа? И друго, опуштен си со жени? Малку директно прашањево, ама да бидам искрена ... прилично сум опкружена со стари моми заради овие или оние причини. Не ми се другарки, ни пријателки, туку познанички и соработнички. Најубаво би било да одиш со препорака. Ми делуваш за мирно типче, може треба малку да се опуштиш и да не се фокусираш на барање партнерка, кога ќе се препуштиш ќе ти се насмее среќата, билив ми. И дали мислиш дека заслужуваш да бидеш сакан? Ако не мислиш така, смени си го размислувањето во спротивното.
Бре, бре се „ЈАКИ“ шизици!!! Човеков скромно ни ја соопшти својата мака и бара совет, па мислам дека не е убаво вака да му се одговори!!! Некој во животот има среќа порано да си запознае сродна душа, некој покасно, а за жал некој никогаш ја нема таа среќа!!! За да недојде до последново, човек треба да се „активира“ , да излегува и да запознава нови лица!!! Не се само парите во прашање,треба да се биде упорен во потрагата по сродна душа!!! @Daleron е во право со советот за стројници. Не - тие не се оние „старовремските“ кои што на невидено ги спојувале луѓето. Денес е доволно стројникот да те запознае со некој што исто така е во потрага по љубов!!! А, по запознавањето од посредникот на Вас е дали ќе си се допаднете или не, дали ќе се потрудите од запознавањето да произлезе нешто сериозно!!! И немојте да очекувате „совршенство“ од идниот партнер - затоа што НИКОЈ НЕ Е СОВРШЕН!!! Непостои човек без мана, а преку некои „ситници“ може да се премине, зарем не!!! @Peco ти посакувам среќа во потрагата по сродна душа (т.е невеста) и се надевам дека за некој месец во истава тема ќе ни напишеш - СЕ ЖЕНАМ!!!
Оно за нас 20 + нема места за искачање, ноќниот живот е сведен на минимум не па за вас повозрасните... Иначе Пецо, не знам што би ти кажала освен среќата да си ја потражиш на оние јавни сајтови за дружење као смоква, купидон и остали. Пошто реално и годините си ги имаш, па шансите за сериозна врска и брак се намалуваат. На овие сајтови ако не се лажам има повеќе категории за дружење, одбери си некоја што ти е по мерак па може таму ќе сретнеш некоја фина мома за озбилно. Јас немам искуство со овие ствари, повеќе имаат мои другари па овие информации ти ги давам од втора рака. Друга опција што ти е веќе спомената погоре е да почнеш да посетуваш нови места и таму да пробаш да си најдеш некоја.
Од сите наведени јас би рекла во смоква да се јави. Како бре можеа такво име да стават А!? Искрено тие агенциите ми се ептен пензионерски кои што им прават забави повеќе за дружба отколку за барање партнер. Додуша низ дружбата ќе си се изнајдат, ама пак некако ми е понижувачки да се оди по такви агенции. Уствари не е секој скроен за такви дружби или запознавања, јас тоа би го оставила за последна шанса, ако веќе се нема каде.
Па јас колку што успеав да сфатам, му лета возов на човекот, а ова можеби му е и задња шанса. Нека си ја проба среќата, може конечно ќе му се насмевне никад се не зна. Мој повозрасен другар, до душа, немаше четириеска пуна, ама сепак си ги има годините, проба на смоква и си најде убава дама. Така на сите им ги затна устите и докажа дека сепак можело да се најде добар партнер и преку виртуелна дружба. До каде ќе тераат не знам, ради тоа што и јас како тебе сум малку скептик кога станува збор за вака рандом створени врски, ама еве ги веќе две години тврдат супер дека им оди.
Никогаш не се знае каде ти е среќата, ако кога Господ делел среќа ти си бил во полскиот нужник па не те приметил.
Јас сум слушнала убави зборови за албанките. И домаќинки биле, и убави, доста луѓе се фалат. На почеток малку потешко ќе се разбирате, ама ќе научи македонски таа, не е страшно Пробај си и на интернет, по тие сајтовите што ти ги кажаа. Можеби ќе се најде некоја женичка со иста судбина како тебе. Не очајувај, и имај верба
Имам еден пример сличен кај мој комшија,човекот си е 48 години сам е тотално но морам да кажам дека по негова вина,кога беше помлад што ќе заработеше ќе испиеше и ќе испушеше цел живот се потпираше на мајкаму излегуваше само со женети или постари д него по кафани и така му помина младоста а не беше ни грд ни глуп но не се сеќавам во животот да донесол девојка дома или да имал врска...Ок мајкаму почина ненадејно и остана тотално сам пропратно му се случија и други неубави работи со здравјето па ја имаше изгубено работата едвај човекот на нозе застана без никој покрај него со молење на сестрите за помош,тогаш човекот сватил колку е тешко тотално сам да остани е арно ама мн касно се сети бе пријателче... Како и да е човекот реши да застани на свои нозе едвај некако се најде работа за него,престана да пие пуши све си се смена тотално и пополека животот му тргна во нагорна линија се опорави финансиски разумно си ги троши парите човек се направи,арно ама жена јок,нема друштво години му поминаја по излегвањата воопшто не е си знаеше во каква ситуација е и си пушти човекот абер со стројници за некоја да се најди за него,бидејќи се чуствувал мн осамен и се плаши сега дека во староста нема да има кој една чаша вода да му подаде,сега си е супер тој ама годините си поминаја касно или не знај дека некој покрај него му треба и со стројници си бара гледав во летото си ја реновираше куќата подсредваше нешто бидејќи све беше престаро и свесен си е како што сватив со некоја намера е,дали најдол некоја или му најдоја не е битно,човекот го гледам има воља и сака да се стреди. Затоа Пецо немој да се страмиш од ништо никогаш не е касно,пуштиси абер,по некој постари луѓе ако имаш роднини да знат дека си навистина сериозен,или преку некој другари не е важно верувам дека за секој постои некој не си единствен во ваква ситуација ако сега си решен ќе си најдиш некој се согласувам потполно со предлогот за стројници ништо ново ништо страшно амо напред...
Имам слушнато лоши искуства на луѓе што земале жени од Албанија, па така оваа идеја не ми се допаѓа. Јас сум психички добар, па би сакал и мојата идна партнерка да биде исто така психички добра Не се чувствувам навреден од ниту една порака напишана до сега. Јас побарав помош и ваши мислења и го почитувам секое ваше мислење, што не значи дека и се согласувам со истото. Можеби така изгледа, но ми треба долго време за да размислам што да напишам. Се трудам да пишувам што е можно пократко и поразбирливо. Пробав "Пеце" ама беше зафатено Не е важно, затоа што тоа не е моето вистинско име. Врската не успеа затоа што мојата тогашна партнерка, при крајот на врската, почна да излегува без мене, со другарки, па потоа почна да останува и цела ноќ да ја помине кај колешка од работа или некоја другарка. Мене тоа ми беше сомнително, најмногу затоа што јас отпосле дознавав за тоа. Но тоа не ми беше голем проблем, има право да преспие кај другарка и да излезе понекогаш и без мене. Проблемот беше што чувствував како нејзината љубов кон мене исчезнува. Односите се заладија и мирно се разделивме. Кога сте со некого долго време заедно, може многу лесно да ги приметите промените во неговото однесување. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека не сум баш опуштен. Колку повеќе ми се допаѓа жената, јас сум по збунет, и се што ќе кажам излегува погрешно. Да, јас најмногу се надевам на вакво запознавање. Те молам напиши линкови.
Ајјјјјј Пеце бре сите си ги цитирал, јас сеуште не знам како, абе заостаната баба. Туку да те прашам пемпелето сеуште работи или!? Не замерај само да си прашам јас.