Значи, знаев дека ќе се снајдеш. Мој инсект никад ме не вара. Спојлер: Спојлер Патем знаев што е, ама сакав од тебе да чујам дали и како ќе го објасниш. Злобна сум, знам.
Спојлер Епа душо на иста бранова должина сме и јас знаев дека знаеш што е. Лелел вечерва распарталив со гушкиве.
На грешно место си... Оди бате смешај се со луѓе надвор од виртуелниов свет. Пријатели, роднини, другари, прокоментирај за твојата ситуација,сама жена на врата нема да ти дојде. Малку поопуштено, пушти се, биди покомуникативен, толку има стари моми кои чекаат да покријат глава Но, не можеш да ги најдеш тука или дома а никако во твојот затворен круг. Велиш не излегуваш, старото друштво си го напуштил што оди по кафани a и кафаната е за луѓе. Никој не те тера да се пијанчиш но уз една чашка можеш да разврзеш муабет за твојата состојба. Се со луѓе бива, некој ќе те потурне, запознае и тако даље... Дел од тие луѓе познаваат и други луѓе... по кажаната мака можно е да се најде и за тебе некоја. Не еден и двајца преку пријател, пријателка си ја нашле среќата. Срамежливоста не ти треба во овие години За албанкиве која се погодила а пак со некоја можеш да цепиш глава цел живот да ја учиш и да не ја биде во градска средина. Но, има и вредни па малку ќе видат што е живот и се најала вошката дигнала опашката Цел пустец ќе го свлече рода голема... ќе си почнеш од учење на азбука... Има еден тука заглави со една таква, не ја бива брате не е само да ти роди куќа сака да се води. Да не го тупам многу од тебе зависи, отфрли го срамот, пријателите не ги отфрлај, преку нив, жена или роднина се чуло ќе се чуе за некоја жена блуску или во твои години. Биди покомуникативен, упорен, не се повлекувај по првата грешка, пушти се бате па макар и добил корпа... Негде ќе опали кецот Среќно.
me mrzi da citam odi u Balet iskacaat i postari tamu ako se stavas na pomali ne se izvinuvaj za toa so si postar, starosta moze da znaci i stabilnost/zrelost (iako toa moze da bide laga) Код: "Специјално за машките членови, Фемина не е место за да си барате партнерка." dope shit ...pa shobaram ondak ja ovde ...zoso nekazuvate vakvi raboti porano
Јас навистина неможам да сватам како му поаочувате да се меша со надворешниот свет ако не разбирате на што маја е не коментирајте. Со кого да излегува? Сигурно неговите другари се веќе женети а некои можеби имаат дечиња каде да оди по дискотеки ли или кафичи? Каде да оди ? Многу ми е мило што си се свестил имам тетка на твоја возраст не мажена со само 1 предходна врска (мн кратка колку што знам) слаба висока плава паметна и симпатична ама за жал многу пребарува и таа седи дома од горенаведените причини така да ако сакаш да ти сум стројник пиши ми лична порака Позз и со среќа
Као на пример у Џубокс слушав дека има опасни Милферици кој што сакаат младо мевце. Планирам да отидам таму да ме лапне некоја тетка .. пошто, сам сум и јас. : ( Али немам 43 туку пола од тоа и плус минус две три. Таманка, сонот на секоја Милф. Пост тинејџер, младо маже, младо мевце, потенцијал фул. Хи хи : )Така Далеронче?
Ако ти велиш така, така нека биде. Јас не би младо мевце, а и не одам во Џубокс. Море дете таму тетки не можеш да најдеш туку девојчиња што си бараат спонзорче.
Јас можам да им најдам спонзорче и да земам 60% од износот, таква ми е играта во тој контекст. А за добра тетка може и да не и наплатам. .) // како и да е, да не бегам од темата: Партнерка најубаво ќе си најдете преку заеднички пријатели, роднини, работно место, семири, некакви манифестации и насекаде околу вас. Ваше е да си отворите очи и да си изберете која ја сакате. Понатака треба да отидете и да го направите муабетот.
+1. Те цитирав само за да се потпишам на тоа што го велиш. Сакале ние или не, во денешно време во 80% од случаите, ти можеш и „највечи Казанова“ во живо да си, но сето тоа ти е џабе ако не изградиш извесна комуникација и доверба со девојка/жена преку Фејзбук/Скајп/Вибер/итн итн. Имам 27 години и сметам дека сум дел од оние специфични генерации кои ја имаа честа (или проклетството) да бидат тинејџери во влезот на новиот милениум кога и технологијата (читај - интернетот) направи невиден бум. Сум ги минал фазите кога најлесно беше да запознаеш девојче во МекДоналдс кај Рекорд, во Ла Фабрик, па на мирц, за потоа да има една фаза кајшто беше сосема нормално да пријдеш на девојче во кафич (денес ако го направиш тоа, претежно си мањачиште или улав - секоја чест на исклучоци)... Али, со појавата на виртуелните мрежи како Фејзбук, (не)свесно оставаме и изложуваме голем дел од нас онлајн, за потоа другите да го гледат и судат тоа. За она што спомнав со Казановата погоре... Ти и да ја запознаеш жената во живо и да си совршено фин момак, подлежиш на негативен старт зашто такво е времето во кое живееме, несигурно и секој на почеток почнува со одредена доза резерви, нели... Па после тоа мораш да подлежиш на извесен „испит“ на Фејзбук/Вибер/Скајп, односно комуникација во која таа ќе види дали си ти „вистинскиот“ за неа или не знам што... Нормално, не треба ни да посочам дека колку повеќе mutual friends имате, толку повеќе бонус поени добиваш ти зашто има потврда за тебе дека си нормална личност... или дали си? Но поентата е таа, пријателе... Ако толку за тебе излегувањето е негативна појава (a не треба да е, особено не ако си од Скопје, кајшто имаш спектар на места кајшто можеш да запознаеш луѓе), искористи ја моќта на интернетот и запознај некои жени онлајн. Немаш појма колку имаш истомисленички (небитно дали врснички или нешто помлади), но и жени кои можеби тебе први би ти пишале, али се соочуваат со истата несигурност како и ти. Сигурен сум дека ако имаш профил на која било виртуелна мрежа, имаш барем една жена со која имаш фин муабет, а можеби и симпатии? Преземи ги оние први чекори за комуникација како маж, и среќно!
Ти благодарам за одговорот. Јас немам проблем со пишување на интернет(фејсбук), проблем ми е да најдам кои жени се сингл. Не сакам да им пишувам на мажени жени или жени што имаат сериозна врска.
Па добро, повеќето имаат објавено relationship status. А и да немаат, често од сликите може да се види дали некоја е мажена. А и во најлош случај, секогаш можеш да прашаш. Или и ако испадне дека е мажена, ќе се извиниш и готово.
Не ја уништувајте темата со непотребни коментари ве молам...Оваја тема е наменета за луѓе како Пецо кои сакат да си најдат партнерка и си барат совети,според мене... Мене живо ме занима дали Пецо се запозна со потенцијалната кандидатка што се понудија да го запознат,ако сака можи да сподели ако не ок сепак сваќам тоа е приватна работа...