Може ако и' е на Ипек, ама дали Зафер го заслужува тоа? Како што беше спомнато на почеток, тој го извадил Бахадир од кал, па ма колку и да си способен, треба да го почитуваш оној кај кого јадеш леб a не да му се лакомиш за фирмата. Ипек го направи тоа затоа што е малку појќе наивна инаку сега и те како ќе можеше да ја преиначи цела работа во своја корист. Бахадир ја користел само како средство за напредок во фирмата како што самата кажа. Секој сака внимание, убави зборови, љубов... И јас велам дека подобро ќе беше уште пред да почне нешто со Нихат да се разведе од овој ама ај... Од друга страна, Бахадир е се' освен наивен. Работите кои ги прави се премногу подли и си го покажа вистинското лице затоа што подмолен не станува човек преку ноќ, само она што го носел со себе сега излезе на површина. Тој нашол да и' префрла за децата. Се виде и нему колку му е грижа за нив. Како и рече вчера: „Ова не го правам за тебе туку за личен интерес“. Каде се тука децата, грижата за нив? Лажен морал - нешто што го презирам кај луѓето.
Ипек е една од киднаперите ,заедно со швалерот а мислам и мажот ,али не сум сигурна за тоа. Ама со сигурност знам дека Зафер ке се самоубие, а мајка и на Зејнеп ке биде у врска со детективот , па и таа ке се самоубие пред да ја најдат Зејнеп. Мн без врска завршува ... извинете за имињата што не ми текнуваат, се надевам дека сфативте за кого зборам позз.
А од кај знаеш? Ова сигурно ли е? За Суна и Зафер знам дека ќе умрат ама не сум знаела како, а ова за Ипек?
Што повеќе ја гледам и читам од вас серијава се повеќе ми понема смисла . Овој ќе умре , овој ќе го скинат, овој ќе се самоубие аман веќе Добро ќе преживее некој аууу глупости разбирам тажен крај ама ова ти е . Ми иде да прекинам да ја гледам ептен ми е без врска .
Искомплексирана стока...дури ме натера за Нихат да си го сменам мислењето...Еее, работава чувај се од пријателот, не од непријателот. Имал среќа наишол на наивна како Ипек...друга да му беше ќе направеше да лета сосе партали. Кога Нихат и Ипек збореа за тоа како Бахадир не ја приметувал, се утепав од плачење. Комшика на свекрва ми вика, „жена му го направи таков“. Е не може еден момент во животот да те направи толку кварен, подол и себичен... Ипек згреши, ама факт се потруди со сите сили да се поправи, трпејќи ги сите понижувања од тој прч, кој уште си фантазира за фотељата на Зафер, па уште и се швалерисува во неговата канцеларија, одржува состаноци во негово отсуство, во отсуство на човекот кој го направи човек. Гледав инсерти од последната епизода и се потврди мојата теорија поради која сите ми се смеат и ме прават наивна. Богатството не е единствениот предуслов за среќа - некогаш не е воопшто ни предуслов, затоа што како рекле старите Господ со една рака дава, со друга зема. Не можеме да имаме се' во овој живот, важно е да ги одбереме вистинските приоритети.
е јас драга моја поради сето ова што си го навела прекинав да го гледам. Не можам веќе ништо нема смисла, цела серија Зејнеп ја бараат сите се испомешаа и на крај ГЛУПОСТ сите ќе умрат,последната епизода на погреб. Стварно беше интересен филмот на почеток и различен од другите ама сегааааааа ФУЈ се откажав скроззз.
Зависи од вкус до вкус Мене па баш повеќе ми се допаѓаат филмови/серии во кои на крајот слепиот сепак не прогледува и инвалидот не проодува и сите НЕ си живеат среќно до крајот на животот. Затоа што, сепак, поголема е веројатноста реалноста да биде сива отколку розова. Најдов нешто од последната епизода Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=oynzd_lxGnw&feature=related
Потполно се согласувам со тебе и ајс не сакам такви фантастични филмови што се далеку од реалноста ама ова е КРАЈ . Умираат сите одеднаш и веднаш на погреб последната епизода. Тоа не ми се допаѓа
И уште кога сите мислеа дека Зејнеп е мртва и сите жалеа по неа дента,тој организираше состанок.Секретарката му вика зарем денес мора да има состанок,сите жалат за смртта на Зејнеп и тој и` вика па што да правам некој мора да мисли на компанијата. Не памтам од збор до збор точно како рече,ама сакам да кажам муабетот му беше-гајле ми е за Зејнеп. tessie-колку само ни се поклопуваат мислењава за филмовиве.
Серијата ми е многу безвезна.За едно киднапирање направиле 100000 епизоди. Се едно исто пак исто се врти.Имам гледано некоја епизода и воопшто не ми е интересна,нема нешто што би ме влечело за да ја гледам и следната.Многу ми е монотона се живцирам кога долгоодвелуваат.
Интересен е феноменов шо се појавува на форумов. Имено, ако некоја серија случајно оди подалеку од лигава лимонада и не е а ла холивуд продукција како додаток, одма се фаќа да се мрчи. Значи, без утка... Разбирам секој да има свој став, но барем изјасни го со повеќе аргументи. Не може некој да збори за серија ако не изгледал цела епизода и не ги знае сите настани. Серијава и те како има свои пропратни настани и не се сведува на едно киднапирање и една приказна. Се извинувам за оф топикот. Инаку мислам дека овој киднаперов контактира со Spoiler Нихат цело време. Мислам Spoiler украдените пари, одмаздата на Нихат ... некако премногу случајности ми се.
А јас пак сега мислам дека контактира со Бахадир и Ипек. Жулиде евентуално.... Нихат сега не ми е сомнителен, дури почнав да го сакам по малку
Spoiler Немаат врска ни двајцата зашо сеа баш гледав делови од последната епизода, киднаперов му се јавува на Нихат и откако Зафер ќе се обеси во затворот (нели ќе го наместат него како виновен за убиството на Жулиде и ќе оди во затвор, мислам Нихат ќе го намести) и ќе се дознае дека Суна е убиена (нз од кого) Нихат ќе го предаде киднаперот на полицијата и ќе каже каде е Зејнеп. Ќе пука во киднаперов и ќе мисли дека го убил, ама кога ќе оди да го покаже на полицијата, ќе види дека тој не бил убиен и дека избегал. По погребот на Суна и Зафер, киднаперов го начекува Нихат сам и го убива на гробиштата овој таман да си влезе во кола за да си оди. Супер серија...ќе ми недостига...
Ја гледав серијава на почетокот. Првите неколку епизоди. Кога почна, мислев дека ќе биде игран филм, ама се раздолжи на 20 епизоди. Тогаш престанав да ја гледам.