Spoiler Нема бе....опасен е... [/q Нели тоа е дечкото на Зејнеп. На крајот со Зејнеп ли ќе биде? Или?
Да,да дечкото е. Па нема најверојатно со него да биде по она што тој и го стори. И онака тој и се приближи за да му се одмазди на Зафер,а не затоа што навистина сакаше да биде со неа.
Spoiler Зејнеп на крајот ќе остане сама. Нели единствената причина ради која киднаперов дојде до Зејнеп е да му се одмазди на нејзиното семејство затоа и ја држи. Кога ќе умрат Зафер и Суна Зејнеп веќе нема да му е потребна и плус нели Нихат ќе го издаде и ќе мора да бега. Инаку за Мине, Spoiler ќе му прости на Кемал.
Затоа што Зафер инвестирал со татко му негов и пропаднале мислам дека поради вина на Зафер изгубиле се што имаат .
А дали некој од семесјтвото контактира со киднаперот? Бидејќи нели цело време Кан се сомнева дека некој од семејството е вмешан и му помага?
Интересна е серијава, али ако крајот стварно е ваков тогаш не ми се допаѓа крајот. Spoiler Стварно ли ќе умрат Суна и Зафер? Како кога ја гледав последната епизода на јутјуб (на турски и ништо не разбрав али гледав слики барем ) Зафер го носат во затвор, а Суна не ја видов и јас се прашувам каде е она? Ако стварно ќе умрат на крај, ја ќе се откажам од серијава. Што беше финтата, да чекаме толку време да ја ослободат Зејнеп и на крај они ќе умрат? Јас мислев хепи енд ќе биде.
Да е само на татко и,добро ќе биде,ама сите се луди бе,кој од кој полуд. Во серијата единствено вредат Мине и Суна,друг никој. Братучеди испозаљубени едни во други,сите со швалери,а на другите маани им наоѓаат,оваа Ипек па аууууу одвратно створење. Ја боцкаше Мине за мажот и,демек имал врска со другарка и,а не се погледне самата колку време го изневеруваше Бахадир. Страшна работа од фамилија се
Добро уредников во канал 5 страда од амнезија или што? Повеќе од пола епизода е потсетување од минатата. За ова време турски ќе научев и три пати ќе ја изгледав Уште колку има до крајот?
Јас не знам како е можно оваа серија да не му збоктиса на човек. Ич не ја сакам, ама принудена сум кога сум тука да слушам колку-толку, зашто дома ја гледаат и страшно ми пука во нерв Не е дека серијава е турска, не ми е тоа мерило за квалитет... ама овие ем копија на шпанска серија, ем Американци изигруваат. И остави тоа бе, изопачени се некако... Ќерка им исчезна, семејството си оди по ручеци, забави, банкети, со бизнис-далавери си се занимава. И си удриле на афери, швалерај... такви работи пак ич не ме интересираат, дегутантни ми се. И врвот. Јас цело време си мислев типкава којзнае која мафија ја чува, кога гледам, некој уличар, сам, и тоа дечко да и бил порано Добро, цело време не можеше да му избега глупавата? Се извинувам што промрчев, ама изреволтирана сум што во работните денови после девет саат навечер ова киднапирање во 12865438 епизоди ми го ремети мирот.
Да не знае некој во приватниот живот што се Емре и Ѕуна?Оти на гугл гледав слики и многу често беа заедно сликани.Супер серија
Аууу... се изненадив од Нихад. Не ми се верува бе. И на крај невин ќе излезе изгледа, ќе се направи дека он ја спасил Зејнеп. Ептен непредвидливо