^^ И шо, и така Spoiler прерано ќе умре, нема да има прилика ниту да почне да се радува за она што го доби. Киднаперов ќе го цврцне кога најмалку ќе очекува. Всушност, ништо не постигна за себе. Ама предвидливо ми беше она што го направи Зафер. На кого во таа паника да го даде овластувањето? На Ипек, сестра родена која од неговите крвави раце и нечиста совест стана госпоџа, па уште зела оној нејзинион прч да го брани. Eeej со цел памет му се избаци во канцеларија и му вика да си оди од фирмата. Алооо! Прво ми беше жал за неа кога ја малтретираше Бахадир, ама сега почна на живци да ми оди. Изиграва учителка на сите, ќе им ги оправа животите, а нејзиниот...
Интересен ми е филмов и веќе го предпоставувам крајот.Досадно ми се деловите каде што се блиску до Зенјеп како влакно да ги дели да ја најдат и пак ништо се само да биде подолга серијата.Инаку најдобар карактер ми е Суна а комесарот Каан понекогаш ми иде на живци и некако ми нема фаца за озбилен полицаец.
^^ Moe мислење е дека откако се спомена името на Зија Фехми, Кан требаше да се отстрани од случајот затоа што неговото однесување стана се' освен професионално. Да беше попрофесионален можеби ќе беа поблиску до киднаперот. Не требаше да се дозволи да помине циркусот со сликите незабележан. И да, мислам дека го отече Зафер максимално без потреба, иако после беше сигурен дека тој не е вмешан, туку потсвесно неговите чувства кон Суна го натераа да направи глупи работи. Пример: Кога Суна и Зафер се испокараа за сликите, Зафер го приведоа пред децата негови. НО... Кога Суна се обиде да го убие Зафер со пиштолот од Неслихан, сите удрија на Неслихан, а инспекторот ја советуваше Суна што да каже за да се заштити од обвинувања. Е професионално ли е ова? Инаку за оние кои викаат како не успеаја да ја најдат досега а ја киднапирал некој уличар таму... Е тој уличар го имаше најмоќниот сојузник, Нихат, кој беше дел од секој потег кој го правеа Зафер и Суна за да им се најде ќерката. Кога за нивните потези не знаеше ниту полицијата, со Нихат се консултираа, а овој му поднесуваше извештај на киднаперов за се'.
Да која е жената во лудница, да не испадне дека му е бивша жена на Зафер? Што знам по некоја логика така ќе испадне. Па сега Зафер веројатно сака да си ја исчисти совеста?
дали оти и го ставиле гласот на Суна што беше и потсвесно нешто ми вика да мислам дека тоа може и да е Суна само со нешто и направиле???? Дај некој нека каже ако знае сварно ме копка
Јас пак разбрав дека е Spoiler сестра нивна и биолошката мајка на Зејнеп ама не ме држете за збор, јас така разбрав... Spoiler Ако добро разбрав, супер крај ќе има серијава. Барем според мој вкус. Доста ми е веќе од Џемс Бонд-ови кои успеваат во невозможното. Ова е еден реален исход во семејството на човек кој садел тикви со мафијата и се збогатил со неправда.
Јас гледав на јутјуб Spoiler оваа новава уште од порано се познавала со семејствово на Зафер-Ипек,Мине.И оваа се пораѓаше а Ипек и Мине беа околу неа,а снимкава демек стара од порано.Ипек имаше долга шатирана коса.
Ја па глеав кога Spoiler новава конечно се накани да го посети Зафер во затвор и инспекторкава ја праша што сте му вие на зафер и она рече сестра. Е сеа може лажела, му била некоја афера па затоа ја криеле и и' го зеле детето. Ако сме во право, на Суна и' била направена страшна неправда, дете и' подметналe.
Spoiler Па тогаш каде е вистинското дете на Суна? Сигурно и таа тогаш родила дете,не може само туку така да и подметнат дете (ако воопшто се работи за тоа). И мене некако умот ми оди кон тоа дека Зејнеп е нејзино дете,ама досега ништо не наведуваше на тоа. Во последниве епизоди да излезе толкав пресврт..
Spoiler Па поволната околност било тоа што во исто време кога Суна го загубила детето (првата бременост и' била тешка) и оваа Седеф родила девојче. Веројатно ја излажале дека и' умрело детето, па го дале на Суна и затоа оваа шекнала. http://www.youtube.com/watch?v=-7lTXMmN ... creen&NR=1 случката почнува од 13:40 минута.
Spoiler Леле загреота Суна. Значи Ипек и Мине знаеле се.Како може личност како Мине да го чува во себе тоа? А Зафер ли е татко на девојчево?
И јас мислам дека Зејнеп е ќерка на таа жена, ама мислам дека она им е сестра, не верувам дека му била на Зафер љубовница. Сепак не е Суна толку глупава да му чува туѓо дете на Зафер, единствено ако не е тоа што велите дека и го подметнале. Ако е така, тогаш од сите ми се
Мислам дека Седеф е сестра на Зафер, Ипек и Мине.. Не сум гледала на јутјуб, сакам да гледам повеќе на телевизија.. и поубаво е така, со нетрпение чекаш да почне филмот, ако гледаш на јутјуб нема да биде интересно.. ќе ја знаеш веќе суштината на филмот итн. Поздрав до сите оние кои го гледаат овој филм ..
Ја гледав на OBN пред да ја дадат на Канал 5,малку епизоди се ама многу интересен филм поразличен од другите турски филмови...Крајот е најинтересен,затоа што ќе се појават многу неочекувани работи и личности..Нема да ви откривам ништо затоа што нема да ви е интересен,доколку се знае се..
Со прекини го гледам филмов. Која е оваа Седеф? Што им е на Зафер,Мине и Ипек? Што всушност се случило?