Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде е ќерка ми? (Kizim nerede?) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 25 октомври 2011.

  1. Sienna

    Sienna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    25
    Kиднаперот на Зејнеп ќе Нихат,Зафер ќе биде в затвор бидејќи наводно ја убил Жулиде и таму ќе се обеси (а вистинскиот убиец ќе е исто така Нихат)Суна ќе почине,ќе ја убие онај типон што ја уби жена му и ќерка му од Kемал не ми текнува како се викаше..,Зејнеп не е ќерка на Суна,детето од Суна починато е а вистинска мајка и е сестрата на Зафер,Kемал ќе ја напушти полицијата бидејќи ќе го убие" онај "што ги уби Суна и неговата фамилија, :lol: Пиши ми што пропуштив да ти пишам ако пропуштив нешто :*
     
  2. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    [/spoiler]
    сакаш да кажиш дека Комесарот Каан ќе ја напушти полицијата а не Кемал. Кемал и е сопруг на Мине.??? на тој Кемал мислиш, или цело мисленје беше за Каан???
     
  3. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    На Каан мислеше
     
  4. Sienna

    Sienna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    25
    Да да..ги заборавив имињата :lol: :$ :$ :$ Битно свативте за кого станува збор :rofl:
     
  5. Belieber163

    Belieber163 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    444
    Уште од самиот почеток Нихад ми беше сомнителен...Но се премислив и се сомневав во Зијафекми, мислев дека тој ја киднапирал Зејнеп.Но сепак Нихад. Многу ме изненади кога ја уби Жулиде. Овие епизоди што седат се последните... ;(
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    реков јас дека седеф му е сестра...и јазик научив и све :D
     
  7. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    А уште колку има од серијава?
     
  8. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.705
    Допаѓања:
    10.144
    Пол:
    Женски
    овој кан го најде телото на суна ? не разбрав баш
    уште 1 ваљда затоа шо еве гледам сеа на канал 5 пише дека во недела е последната епизода
     
  9. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Во недела во 19.30 е последна епизода, а утре во 19.30 започнува Лале и ќе оди на местото на Каде е ќерка ми.
     
  10. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Крајов... ;(
    Ме потресе.

    Многу добро осмислено.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Не ми се верува како заврши, поглуп крај не сум видела, катастрофа, толку добра серија, различна од сите други, мораше на крај во последна епизода да разочара!
     
  12. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    1.062
    Допаѓања:
    688
    Пол:
    Женски
    даа многу глуп крај! :devil:
     
  13. Tedi16

    Tedi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    54
    Глуп крај и цело време ништо не се случуваше ептен ги развлечуваа работите и сега одеднаш се се случи дури и во иднината отидоа :envy:
     
  14. babylove123

    babylove123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    55
    Па и не дадоа што се случи со ќерките на Суна.Зејнеп си ја најде мајка и,Мине си е со семејството, Ипек исто..а девојчињата?
     
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.993
    Допаѓања:
    123.704
    Koj ќе раскаже како заврши?
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Добро што ви е на вас луѓе? Многу одолговлекувале? Изгледа сме биле преизложени на холивудска продукција, комерцијалата ја прават се' на се' пет сценарија и секад знаеме како ќе заврши филмот па немаме трпение за филм/серија од поинаква продукција освен ако не станува збор за “срцепарајуча лимунада“. Јас сакам филмови кои ме држат во неизвесност до самиот крај. Зборам за комерцијалата иако има филмови од американска продукција кои ме воодушевиле, не сакам да помисли некој дека тоа ми е приоритет.

    Башка попоучно и подобро не можеше да заврши. Во целост се согласувам со Look. The bad guy и те како си го доби. Цел живот кроеше планови за одмазда на Зафер и заврши со прстот в ***. Ама не можев да се воздржам, кога тој правникот му рече дека овластувањето не се важи по смртта на Зафер почнав да скокам низ дома. :rofl:

    Па и Зафер си го доби заслуженото. Сепак, тоа што и' го направија на Зејнеп не се споредува со тоа што тој го сторил на сопствената сестра. Премногу ме потресе приказната на Седеф, душичка таа прва го дочека мртов. Кога и' одѕвонуваа неговите последни зборови кога ја фрлил во лудница додека го гледаше обесен многу се потресов.
    Си се потсетив на сопствениот брат и се' што ми направи и тој така ми велеше „Јас не сум ти брат, ти ме срамиш. Мојата сестра не е ваква“ а тој е вистинскиот срам на семејството.

    Серијава да имаше надворешно среќен крај, ќе беше се' освен среќен и праведен, размислете. Да не се обесеше Зафер, Нихат сите ќе ги набркаше на клоци на улица, вака барем останаа колку толку згрижени и се спасија од една гнида. И мајката и ќерката си се најдоа што ќе одеше малку потешко Суна да беше жива. Поентата на серијата е подлабока, среќниот крај не секогаш изгледа среќен на прв поглед.

    Серијава освен тоа е и мошне поучна.

    1. Секој си плаќа за грешките, вака или онака. И најладнокрвниот злосторник не е имун на грижа на совест.
    2. Одмаздата ништо не решава, само создава поголема горчина и болка (ова за киднаперот).
    3. Никогаш да не отстапуваме од она во кое силно веруваме, затворајќи се во себе, ништо не решаваме. За среќа, лекарот на Седеф беше премногу фер и и' го посочи тоа и конечно си ја виде ќерката.


    Прекрасна серија, ме изненади...

    Едит 1

    По мое логично би било Мине да ги згрижи барем ако ништо друго затоа што цел живот молчела и била вклучена во безобразното лажење на Суна од страна на Зафер и Ипек, пошо за Ипек не верувам, две шо ги има па не може да ги прибере :lol: . Сепак, веројатно режисерот оставил на нас да решиме... :)



    Едит 2
    А за малку ќе заборавев, првите 50 секунди од клипчево ми беа омилени од цела епизода...ама мн ќеифски го скина, ноншалантно, без мн мн зборење...царче

    http://www.youtube.com/watch?v=oynzd_lxGnw
     
    На Look и JuLleE им се допаѓа ова.
  17. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Да,за девојчињата најверојатно ќе се грижи Мине,затоа што и Зафер ја замоли.Мислам дека тоа ни го откри режисерот.

    Туку...некои коментираа дека Каан ќе се самоубиел.Јас колку што сватив тој замина на друго место да живее,а не се самоуби. :?:
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Да, да ете на тој момент не се сетив кога и' рече, да. И тој ја имал мојата логика, си знае шо ветрушка е Ипек, своите не може да си ги доварди :D а башка беше и соучесник бр.1 во одделувањето на Седеф од Зејнеп така да...не е баш некоја доверлива личност за таа работа. Донекаде и Мине ја обвинувам што цели 18 години си седела така. Абе, ќе се искрадела, ќе отишла да си ја види сестрата, да и' даде надеж, да и' ја каже вистината, да и' даде надеж да истрае.

    Инаку, да. Иако и јас така видов низ темава, Кан не умре, веројатно откривањето на лешот на Суна ги збунило и мене на почеток не ми беше јасно за чив труп се работеше. Многу ме трогна неговиот последен телефонски разговор со Неслихан, ми се допадна што беше реален и си призна дека не беше професионален во овој случај.

    А она лудоно Хазал...што да речам...сепак немаше да помогне многу, зашто никој не се сомневаше во Нихат и и тој ќе разбереше...

    Али човече која глума ... зборам за сите...no comment.Од најмало до најголемо, сите глумци се покажаа во право светло. Квалитетна серија во секој поглед.

    Али пак ќе речам, приказната на Седеф најмногу ме потресе дефинитивно...голема неправда и' направи Зафер...

    Eee дали се сеќавате на првата епизода, колку убаво семејство изгледаа...кој би рекол дека криеле толку валкани тајни, не е се' онака како што изгледа на прв поглед.
     
  19. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Поучна серија,за сите да сватиме како не` стигнува злото што сме го нанесле,порано или покасно.
    Животот е тркало.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.556
    Допаѓања:
    251.854
    Не ја гледав епизодата, гледав ракомет, ама јас мислев дека Седеф ќе се грижи за девојчињата.
    Единствено што ми е жал е што умре Суна.
    Инаку сријата беше супер, само што имаше помалку реклама и што Канал 5 ги кратеа епизодите и затоа на сите им стоеше како досадна, демек цело време ја барат Зејнеп, а серијата беше за распадот на едно семејство поради сопствените грешки.
    Ете како минатото си наплаќа.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.