Во затворот Зафер ја замоли Мине да се грижи за ќерките и за Седеф (баш ме потсетија сега), затоа мислам дека Мине ќе се грижи за малите.
Инаку мора да додадам дека нема благе везе со Donde esta Elisa...од возраста на кдинапираната до крајот. А да не зборам за квалитетот на глумата....Каде е ќерка ми е сосема друга приказна и е и те како подобра. Оваа серија и Кога лисјата паѓаат ми се незаменливи. И да Couldn't have said it better myself. Taка е, тука беше и разнишаниот брак на Зафер и на неговите сестри, на проблемите на братучедите на Зејнеп... не беше само киднапирањето. Секој плати за своите грешки, само штета што на децата им се врати...не зборам само за Зејнеп туку и за Хазал.
Не ја гледав епизодата, цел ден ја чекам репризата, ама нема, Султанот го пуштија. Да не знае некој кога е репризата?
Јас пак од претходните епизоди испуштив зошто Нихат и Џем ја киднапираа Зејнап. Знам дека заради одмазда, ама поконкретно зошто?
Интересна серија.Нa крајот правдата победи.Инаку киднаперот можеше да не ја измачува Зејнеп кога се работи за одмазда на Зафер туку бидејќи веќе и бил дечко да и каже дека се на друго место некаде а останатите ќе знаат дека е киднапирана.На крајот му кажа на Нитхат да не ја повредува а тој предходно ја врзуваше и како ли се однесуваше со неа.Можел,нели затоа предходно се запознале.И на крајот и кажа се на Зејнеп а знаеше дека ќе го искаже.Вака знаејќи дека е кидапер може ако не друго лицето и името да го каже на полицијата откако ќе ја ослободат.
Баш немаше смисла последната епизода од „Каде е ќерка ми“ да ја даваат во исто време со ракометот!!! Ја пратев серијата, сакав да го видам крајот, ама терминот баш ми личи како за терање инат! Инаку серијата многу ми се допадна и поарно што така во една епизода ги разрешија работите, отколку да не влечкаа. Само можеше барем една од микро-приказните да има среќен крај, барем инспекторот да го споеја со колешката или Суна да ја оставеа жива. Мислам дека ќе успееше да ја преброди ситуацијата. Вака многу жал ми падна за девојчињата!
Џем: Татко му бил човек што цел живот се мачел и печалел за едно мало фирмиче. Зафер тогаш бил во подем, му понудил соработка и му ветувал дека ќе престанат маките дека ќе му се прошири бизнисот и дека конечно и неговото семејство ќе поужива малку. Овој му поверувал на добрите намери. Зафер успеал да го натера да се пријави на некој тендер и да вложи се' што има, ветувајќи му дека тоа е инвестиција која ќе му го подобри животот. Но, Зафер тогаш бил на патот на она збогатување кое го гледавме у серијата (пошо порано бил копук нели додека не се запознал со мафијашот) и една од тактиките за богатење му била крадење на мали фирми од почетници и луѓе неискусни во тој свет. Зафер направил се' за да го добие тендерот, а татко му на Џем изгубил буквално се' што печалел, ко шо вика Џем „печаленото со години и со голема мака се стопи како снег“. Татко му многу се разочарал и вечерта кога дошол дома ја запалил куќата со се' живо таму. Само киднаперот успеал да преживее и да се спаси. Тој го обвинува Зафер затоа што останал без семејство. Нихат: Всушност поентава на Нихат цело време е што го мрази Зафер пошо сака да има се' што има тој. Но и него Зафер го има зафркнато на почеток. Се даде една сцена во која тој го молеше да му позајми пари од фирмата оти должел некому (нели со сумљиви луѓе се бафташе овој) и Зафер му рече дека братство и другарство на една страна а работа на друга. И на Нихат му паднало криво затоа што кога почнале со фирмата, тој вложил се' што имал, а сега не може да смета на еден заем. И затоа сакаше да му врати за тоа, за еден ден тој да стане она што Зафер е сега и да му ја гледа пропаста...што и не му успеа затоа што на крајот Зафер сфати дека фирмата и парите не му се поголем приоритет во животот од семејството, нешто што Нихат не може да го знае пошто секад е сам. Седеф (сестра на Зафер) порано забременила од некој кој веројатно ја оставил и затоа им кажа дека не знае од кого. Зафер многу се налутил и на еден начин со Ипек ја киднапираа, ја држеа во една соба незз каде. Веќе доцна било за абортирање на детето и никој не се нафаќал да ја оперира. Во тој период и Суна била бремена со првото дете. Суна има тешко породување, едвај преживува и го губи бебето. Додека сеуште е во болница, Зафер добива повик од Ипек, му кажува дека ја породиле Седеф и' го зеле бебето (Зејнеп) и ја излажале дека се родило мртво, на бабицата Ипек и' дала пари за да молчи а Зејнеп ја носат кај Суна пошо не сакаа да и' кажат дека бебето умрело и оттогаш Суна мисли дека Зејнеп и' е ќерка. Седеф е сигурна дека бебето е живо и се депримира. Зафер ја праќа во лудница и таму и' даваат терапија (намерно) со која благата депресија прераснува во тешка болест од која и' требаат години да се опорави (по наредба на Зафер, како главен донатор на средства за болницата). По неколку години, Седеф ќе се излечи и лекарите и' викаат дека може да си замине дека Зафер и' купил куќа покрај море и и' отворил сметка во банка за нејзини потреби, ама шо ќе и' е сето тоа на неа...Седеф одбива и 18 години се' на се' поминува во болницата по нејзина желба, затоа што веќе почнала да верува дека бебето и' yмрело и мисли дека нема цел да продолжи понатаму.
Хазал ја покажаа на крај како разговара со психолог, мислам не покажаа што зборуваат туку само онака сцени даваа. Значи се лекува веројатно. А Ипек, Бахадир и Емре пред врата чекаа. Нели...тие се семејство
Обично се дели меѓу семејството во такви случаи...делот од Зафер би требало меѓу децата да се дели ама мали се...шознам... све бива
Криво ми е само што Суна ја убија. Се намачи жената цел филм. Не беше фер. А другите си завршија како што си заслужиле.
Moре триста фирми би дала да не го доживеам она Зејнеп шо го доживеа...ко шо ja вика мм од раѓање киднапирана
Дајте ми линк за онлајн гледање на серијата со превод некој, мајка ми сака да ја гледа последната епизода не ја гледала..
Последната со превод тешко...на natabanu.com ја имаш како Izgubljeni и ја има првата половина од серијата со српски превод (првите 14 епизоди од вкупно 26).
Ја гледав, добра серија беше интересна, нешто видов пак ја емитуваат напладне околу 12 вторникот баш приметив од првите епизоди. Жал ми е што Зејнеп и покрај се што претрпе на крајот остана сама...