А зошто? Патем, зошто модераторите не известуваат редовно во темата Банирани корисници? @RainBow? Испаѓа ко да сакавте Мама25 специјално да ја казните со тоа што ни дадовте малку забава. За другите, никаков знак.
Не знам точно зошто, ете нека кажат... И се согласувам со тебе, треба да известуваат, барем за членови кои секој ден пишуваат
А само мене ли ми изгледа дека се врати Афродита со нов акаунт? Ама и тој одамна не сум го видела низ темите.
Еве сум мила, се вклучувам од време на време да ве читнам по некаде. А баш мислев деновиве и да ви се вратам Фала ти што помислуваш на мене
Да, се врати, ама и тој акаунт и го банираа. А пред овие два акаунти имаше и друг од кој редовно пишуваше, па од кога ја банираа се врати со Афродита. Ова е моја претпоставка, но сигурна сум дека е таа. Сега се чека да изникне и 4-ти акаунт.
@elimkd Секогаш кога можам ве читам и одвреме-навреме постирам по нешто,ама сега активно се спремаме за доаѓање на бебуш ( денес сум 4ти ден веќе надминат термин) па повеќе време се користи за привршување на некои работи, редовни контроли итн итн... Ако биде умно и мирно кога ќе дојде на свет здравје, се надевам повеќе време ќе имам за низ форумов
Знам дека бременоста ја истера во форумски игри, си се дружевме, сакав да знам како си оти одамна не сум те читнала, баш ми е мило, ви посакувам само здравје и убавини
@manja666 Сега ќе речев Да не праша човек каде е некој, испаѓа сите си добиле по една тепсија кифлички за дома
Ели, ова со сигурност тврдиш дека овие неколку членки се банирани поради тоа што имаат дупли профили или си претпоставуваш? Што знам, ако навредувала некоја, па добила бан и се враќа со нов профил од кој нема да навредува мене ми е потполно ок. За @okcenzi ми е криво, интересен лик ми беше.