Мања, Афродита беше Анаконда, јас еве ќе ти потврдам Дојде и со уште еден профил после банот како Афродита, и тој профил ѝ е сега баниран. Анаконда беше банирана за издавање лични податоци и навреди Не дека и не беше конфликтна и со наредниве профили, ама и е против правилата да се враќа. Траен бан не се дава без сериозна причина, затоа логично е дека со самото откривање на иста ип адреса се банираат повторно и од новиот ник таквите членови.
Се пронајде Ели? Не реков дека ти шпекулираш, општо се однесуваше. Нема потреба да си играме игра на погодување..зошто ли зошто Прекршиле правила и биле казнети. Доволно е да се знае тоа
Секако дека се пронајдов затоа и те цитирав, иначе те бива за политичар хаха дипломатски одговор Ја не играв никакви игри ниту пишав нешто што е лага, а ете и потврда од член на модераторски тим
Ама стварно не се однесуваше на тебе Туку општо..страни наназад кога ќе се праша некој кај е и кога ќе пишат банирана е одма теории на заговор се креираат а нема потреба. Има правилник и тоа е тоа Се е по заслуга, ќе се вратат со нови профили, без грижи
Е арно де, биле банирани, никој не се банира од што бил цвечка за мирисање, само известувајте некаде или ажурирајте си ја листата на банирани корисници и тоа е
Кога ќе размислам подобро, стилот на пишување и коментирање им беше ист, така да не ме чуди. Секако дека сите биле банирани со причина, јас верувам дека траен бан не се добива за џабе. Ама 1 по полноќ е, досадна вечер па да ја размрдаме темава.
А зошто тогаш за Мама25 дигнавте толкава прашина? Не ќе беше доволно да ја банирате без никој да знае, ко што правите за другиве? Стварно ме интересира. Специјално отворање на темата, па оставање да се испукаме цела вечер и пак се затвори, а за другите не важи тој третман. Или за сите или за никого.
И мене ме интересира ова што прашува @LivingGlam . Но мислам дека тоа треба @RainBow да одговори, а не другите, таа е одговорна за темата.
@LivingGlam, моја претпоставка? Повеќето беа конфликтни ликови и се банирани претежно за кавги и вреѓање па затоа ретко кој е изненаден, ама мама25 имаше изградено цел лажен живот на форумов а воедно беше и стара членка, со формирани виртуелни пријателства со дел од останатите членови. Дали сум изненадена Окцензи што е банирана? Не, зошто стилот на изразување во последно време и беше станат екстремно агресивен, во политичките теми губеше контрола и се гледаше дека, кај и да е, ќе јаде бан. Мама25 (како и Адина), ја злоупотреби довербата на членовите на форумот, па затоа и следеа бурните реакции. **** Каде се @Valerin? @Hipica?
Не беше цел живот на мама25 лажиран, и не беа сите слики лажни. Се разјасни тоа отпосле. Сепак со никого не беше преблиска и не неправи некоја штета. Не мислам дека некако злоупотреби доверба. Ете се занела малку повеќе. Тој сеир што и’ го удривме не беше фер. Можеше многу поелегантно да се заврши работата. Не е фер затоа што беше само во овој случај, а за другите се молчи. На муабетов, ме интересира. Дали Абракадабра е банирана? Ја снема некако наеднаш.
Банирани се, да, digy, okcenzi, дуплиот профил на анаконда. Кога ќе се издадат лични податоци не треба да се очекува дека друг профил ќе опстане на форумов. За okcenzi и јас не сакав да ја банирам, се обидував да ја исправиме работата, ама сите граници се преминаа. За мама25 не мислев дека до толку ќе отиде работата, мислев ќе се искаже некое зачудување и тоа е тоа. Беше објавено со намера да видат и другите дека лажни слики не треба да се објавуваат, дека порано или подоцна ќе бидат откриени и да видат дека не е фер спрема другите што оставаат дел од себе тука. Некаква забава сигурно не беше дел од намерата. И беше исто дадена шанса да се објасни, ама продолжи и по лп да лаже за сликите, а кога и тоа и беше кажано одби да даде било какво објаснување. Сигурно нема членка да става туѓи фотографии, а ние свесно да го дозволиме тоа. Ќе ја ажурирам листата во воведниот дел понатаму, но темата ќе стои заклучена. Ако сакате да пријавите член има копче за тоа, а може и порака да пишете до модераторите.
@LivingGlam, ќе зборам лично за мене. Свесна сум дека на форумот не секој е искрен па затоа ништо не земам здраво за готово. Постовите на мама25 ми паднаа во очи (како и на сите) зошто максимално отскокнуваа од моето (реално, нашето) секојдневие- (пре)убава и негувана жена, ултра згодна трудница, три здрави деца, патувања низ целиот свет, луксузи и скапи предмети, се тоа пропратено со одличен сенс за стил, мода и естетика. Плус, како шлаг на тортата, остава впечаток на многу фина, културна и скромна девојка преку постовите. И не можеш а да не се запрашаш „Абе, да не не мајтапи оваа нас тука на форумов?“ ама втора мисла секогаш ми била дека премногу сум станала циник од што се е тиња околу мене па затоа и тешко ми паѓа да поверувам дека и во Мк постојат жени кои имаат се, и убавина, и пари, и сопруг кој ја обожава. Се случи што се случи и испадна дека првичната моја реакција на сомнеж и неверување била вистинската. Искрено? Криво ми е, и жал ми е што мама25 не е реална, убаво ќе беше да знаев дека некоја жена таму некаде живее вистина совршен живот
Ама видиш, убавината, патувањето и луксузот не биле лага. Жалам. Само некои слики беа лажни, а не сите.
Некоја таму стварно живее совршен живот, а ние тука се тешиме дека нема такви Сликите не се измислени, само украдени Штета инаку, од зад монитор не можеме да утврдиме колку од пишаното било лага Спојлер: .. @Bridget плесни ни во фаца така директно за нас што се тешиме
За што жалиш конкретно? И од каде тоа дека не биле лажни? Зошто јас тоа што го пиша Серафима го земам со огромна резерва, а друга развршница од тоа што се пишуваше во темата за банирани членови јас немам сретнато. Ако има, те молам упати ме на тие постови.