Каде е @Snow-Queen ? Гледам од април 2017 не се уклучила, ни пишала нешто? А баш прочитав сеа мислење во една тема од неа, па ми текна, ми фали нејзината активност...
@lunicka имаме јас и ти некоја телепатија. Денеска се вклучувам првпат после мнооооггууу време, почнавте да ми недостасувате искрено, но не стигнав од многу обврски, случувања, ситуации, доста бурен период...И утрово помислив баш на тебе, онака сосема случајно...Ќе ве демнам виртулно некое време додека да се вратам во колосек, многу испуштено од материјалот имам И се надевам почесто ќе се читкаме
Се бара @promeneta да напише едно четиво до мејзините Лакрдии и несмасности. Да се изнасмеам на глас дур читам.
до тебе и твоето галапче . Неколку пати се спремам да пишам пост, ама секогаш кога сакам да пишам ќе прочитам некоја неубава вест на фемина и многу ми е глупо да пишам површни, смешни постови во момент кога некој поминува низ најголема болка и тага. И така со тек на времето излегов од колосек, па сега не знам и во која тема да пишам, иако искрено ми недостига пишувањето на форумот. Сега за сега многу гушки и бацки до твоето најмило од мене и Енџела, па се читаме наскоро се надевам hug:.
Ќе ви се придужам како гром од ведро небо кога најмалку очекувате . Ако те носи пат накај Хановер некогаш, те чекаме на гости со Енџела .