Кога ќе ми текне колку се двоумеше за таму, дали да одиш. Ако не грешам, тука во 40ка те убедивме да го фатите авионот. Мило ми е што се реши, вака ви е поубаво кога сте сите на купче
Да, да, вие сте главни "виновници" на чело со @sanjaeva што се одлучив тогаш да тргнам за Германија сама со Енџела за првпат со авион и најмногу ви фала за тоа . Човек да не може да поверува колку може да му влијае еден форум и куп непознати лица и да му се смени животот на подобро, барем во мојот случај . П.С. Секој е добродојден кај мене на гости во Германија, тоа е најмалку што можам да сторам за вас .
Не, важеше само 20 минути, не е тоа Блек фрајдеј три дена да трае . Секако дека важи, ти не треба ни да прашаш .
Е, ај и јас да си кажам... Ми недостига дискретното присуство на @Giovanna и @Peppermint . Дури и кога не пишуваа, кога ќе видев по некој лајк од нив низ темите, некако поубав ми беше и форумот.
Тука сум, немам време за повеќе да се посветам на форумов, за жал. Ама посетувам по некоја од темите.
@do-re-mi Тотално не сум во тек, како никогаш до сега. Во план ми е да почнам да ѕиркам почесто...stay tuned...да не се разминеме
И мене ми фали форумот, ама ми фалат и други социјални мрежи. Исчезнав сосема и од секаде од недостаток на време или премногу обврски.