Тука сум . Заминав сама со децата за Дубаи и немав баш време за фемина. Сега се стабилизирав и ќе бидам поактивна. Ветувам
А што се случи всушност со Пирамида? Ме збуни целата ситуација и баш ме интересира што, како ако некој е љубезен да ми објасни? Исто???[/quote] Поради зголемениот обем на работни обврски, одговорности и сериозноста на истите, Пирамида нема да не' посетува и нема да пишува. На неопределено време. Нема ниту време, а уште помалку волја, да пишува и да му се посвети на форумов како што тоа го правеше.
Поради зголемениот обем на работни обврски, одговорности и сериозноста на истите, Пирамида нема да не' посетува и нема да пишува. На неопределено време. Нема ниту време, а уште помалку волја, да пишува и да му се посвети на форумов како што тоа го правеше.[/quote] Пошто толку сте загрижени ... причините се други. Поради одредени случувања се откажала од форумов ... а до кога, појма неам.
Ако добро сфатив од еден нејзин пост, тогаш многу паметно што се откажала од форумов! Браво пирамидо, можеби ништо не значи, ама ја имаш мојата подршка...
Многу добро знам каде е Пирамида и зошто повеќе не пишува. Мислам дека воопшто не е потребно да се продлабочува дебатава со шпекулативни и подбуцнувачки забелешки кои, меѓу другото, не се ни одбилску вистинити. И со сета должна почит, пред сеќ пред Пирамида, после до сите други, а и форумов генерално, мислам дека тука муабетов треба да заврши, не е темава за тоа каде е Пирамида. Впрочем, таа си пиша и си објасни фино во постот, на оној кој ја чита, треба да му е добро јасно зошто не пишува. Луѓето прашаа, јас одговорив. Тоа треба да е сосем доволно. Нема потреба понатаму да го тупиме со реплики и контрареплики
Георгина е тука-таму Некако ми спласна ентузијазмот за дебатирање на форумов, не сакам да звучам грубо и да навредам никој...ама што знам, сите теми затупеа во место, главно интересите на повеќето се косат со моите...или на кратко, навистина неам кејф да дискутирам за штикли, обетки и шминки и за симпатии на фејсбук. Најчесто идам да ги видам моите омилени фацки тука...и толку Ќе преживеете без мене де
Каде е Мистери????? Никаде не го читам, а беше редовен....Што се случи со дечково??? А, и другите машки поретко пишуваат.... Да не се налутија нешто??? Само ЈипМен го читам, ама и тој слабо штрака на тастатурата....
Тука сум, тука.... само повеќе читам, не сум баш активна. Изгледа дека зимава некако хибернирам, мрзлива сум