Зошто тука не се почитува никаква приватност и зошто се злоупотребуваат лични податоци дадени во доверба.
Јас само ќе кажам да доверувате тајни, и лични податоци на личности за кои сте прилично сигурни дека нема да го злоупотребат тоа против вас. Има секакви тука, денес срце душо, утре јадење го*на за вас.
^Жалам за Офи.И мене ми беше еден од најинтересните и најиздржани ,,ликови,, тука. И ти благодарам за советот.Ќе го имам на ум
Благодарам мацалове за одговорот и добар совет! Жално е само што добри и квалитетни мислења ги снемува од ден на ден, а напротив се множат оффтопиците и многубројните празни муабети, трачарски, подомолни, ниски.
Изгледа е многу зафатена со малиот.Немирко е сигурно па не ја остава мама на рает Бтв:Стварно ми е жал за Офи.Ќе ми недостига
Еве ја, го приспа малиот немирко и сега е слободна. Сега се учиме да одиме, па несакаме дубаци и мораме да се држиме за рачиња На едно место не мојме да седиме
Лелее, ми беше една од омилените...посебно си се наоѓавме во темата „Долина на волците“ ама и на други теми. Офф, затоа сум против лично запознавање и такви работи. Виртуелните пријатели нека останат виртуелни...баш заради вакви работи, затоа што некогаш на другарка ти не можеш да и` ги предвидиш реакциите, не пак на некој со кого комуницираш преку компјутер. Има исклучоци, се`уште ги има...за среќа. Офф колку само ќе ми фалат нејзините мислења
Офи се откажала од форумов... :/ Јас па мислев дека само онака некое време има работа па ја нема. Искрено ќе ми фали, многу.