Micheleljubov, одамна не сум видела нејзин пост...? А да, и Јипи кај се изгуби бе луѓе? Од лани не сум го видела да пише нешто, фали...
^Т-т-трендафилка?Више не пишува тука?Ш-Т-О? Не е можно. Инаку луѓе,перла каде е? PeaceLoveBasketball не пишува на форумов уште од дамна.
Трендафилка сама си одлучи дека и е доста од форумот, едноставно кажа дека е доста. Можеби имаше влијание и тоа со изборот, т.е да ја прелие чашата. Како и да е, таа кажа дека веќе не се враќа.
Ја делумно и ја разбирам искрено, после сите тие глупости што ги прочитав во темата која требаше да биде за убаво, за награда за некој кој допринел нешто за доброто на форумот, некој да те пречека со навреди и одвратни психоанализи и притоа никој тоа не го санкционира, постовите и ден денес стојат, и јас не би трпела. Никој не е должен да чита глупости за себе, само зашто fair and square победил и луѓето го избрале, некоја група на личности не се согласуваат со тоа, па ајде удри со камења и лични и директни навреди, мисли девојката им убила човек. Малограѓанштина. Не е фемина нешто незаменливи или нешто без што апсолутно не се може. Јас се згрозив и сеуште сум згрозена од тоа и не можам да сфатам во што се претвори фемина. И јасно ми е зашто сите тие изузетни девојки и по некој дечко веќе не пишуваат. Сесилија слабо ја има, Боа па ептен, Елементал го нема веќе ич, сега и на Трендафилка и Анат им дојде реедот. Не е случајност ни коинциденција, толку многу луѓе да испарат во рок од година дена. И немојте да почнете со типот никој не ги држи тука нека не праат драми или не знам што да ги бараме, мислам дека никоја од нив не е тој еготрип која сака да е центар пажња, ама работите не се воопшто исти ниту ќе бидат. Од модераторски/адмнистратоски однос, непочитување на правила и тотална непродуктивност и неквалитет, со чест на исклучоци, ама страшно иритира и боде очи
Значи од Трендафилка ни колумни нема веќе? Ту бе,а баш си ги читав колумните. Наместо Трендафилка,Тоа сум јас е новиот автор на колумни нели?
A бе луѓе мене искрено рака ме боле кога отварам СДК од скролање... Незнам што и се случи на фемина, ама не е ништо како порано. Порано со часови седев додека се да исчитам, па да напишам некое мислење, едноставно минував квалитетно време тука и тоа влијаеше на мене позитивно. А сега? Па два дена да не се уклучам, за еден час цела фемина ја прелистувам и ако шкртнам нешто. Само некои глупави дискусии за досадни нешта, глупави цитати по Сдк колку ти душа сака. И не, ќе напише некој сега ако се жалиме сите - сами сме си криви, ние го правиме форумот каков е, зошто наместо да се жалиме не отвориме дискусија за нешто или да пишеме по темите. Епа ајде да отвориме дискусија за една работа. Како може еден добро посетен познат форум да го средуваат еден глобален модератор со помош на уште само еден/два модератор? Како може да ни биде ветено нешто и да помине цела година и повеќе ако не, од вкупно ДВА избори и да нема нов модераторски тим, кај што ќе помага во средувањето и чистењето на форумот? Па ако не е готова таа новата платформа, не се фанавме за гуша што а нема сеуште после година и неа, ами тоа што форумот е банда без команда. Му треба освежување, му треба јака контрола, а како што еднаш Офи кажа - за тоа не е потребно многу време. Ако не ги бива тие модератори, па за пола година нови, па после пак нови. Монотонијата го угуши форумот. А 'главните' уво не ги боли. Сто пати кренавме востание, а тие на тоа само вратија да почекаме, и се извинија. Епа уживајте сега вие, форумот е на жешкото столче. Извинете што се грижевме и го негувавме, ама очигледно и на тоа дојде крајот. Па нека го водат форумот 12-13 годишни деца, не дека нешто ви фали, фала богу, ама наместо да преовладува повозрасниот свет, се со цел да има поквалитетни и продуктивни мислења, само возрасни си одат, а деца идат. Врска само со еден - не бидува.
Не ми се верува во што се претвора форумот. И кога се зачленив не беше нешто подобро ама во последните 6 месеци отприлика работите почнаа драстично да излегуваат од колосек. Неможеме да ја обвиниме Трендафика зошто си заминала со оглед на тоа како стојат работите тука, од друга страна пак мило ми е што престана да пишува без никаква помпа, проштални писма во СДК и обвинувања, си остана достојна на своето. Реално, не треба да се врати, и само заради тоа што просто форумот не заслужува квалитетни ликови. Зошто некој би се трудел и би го оддржувал ова виртуелно место како што треба да биде кога првин ни креаторите на овој сајт не го заслужуваат тоа? Со нивната никаква ажурност и заслужуваат да нема квалитетни форумџии и мислења кои треба да останат запаметени. Си стојам зад ставот дека првин администраторите се виновни за моменталната ситуација овде а потоа и децата на кои интернетот им е дозволен уште на тие мали години, според мене не им е местото тука на деца до 15 години, го трупаат форумот со глупости, празни мислења, непотребни теми и тролање. Како што кажа Анушка порано со задоволство отварав СДК а сега речиси и ретко да ја читам. Времето на Фемина помина, допрва ќе ја напуштаат многу форумџики се додека еден ден не дојде на истото рамниште со гламстик. Всушност за мене моментално двата форуми претставуваат исто. Се логирам ретко и уште поретко пишувам нешто, немам ни желба а ни воља. И најмизерно од се е што на форумот се чини дека владее диктатура, секоја дискусија поврзана со оваа тема со брзина на светлината се брише заради оф топици, а уште поглупо е тоа што и не постои тема во која може да се пишуваат критики за сајтот. Незнам што друго да кажам освен дека мизерен станува форумот се повеќе и повеќе, а овие надлежниве се бетер и од Груевски и компанија.
Конкретно за случајот со откажување од форумот- не гледам нешто премногу значајно во тоа, обично луѓето се откажуваат од нешто кога не знаат како да се изборат за нешто или кога чувствуваат вина во себе дека нешто погрешиле, а не се во можност да го поправат истото. И не мислам дека треба толку да се разложуваат тие ситуации, тоа е право на сопствен избор и во истото повеќе гледам изговор да испадне човек жртва и сите да го бараат, да го анализираат, бла бла за да на крај конкретната личност се појави како гром од ведро небо спремна за величање. Не зборувам за Трендафилка конкретно, туку општо за други случаи наназад. Јас Трендафилка никаде не сум сретнала дека рекла дека се откажува а и ако се повлекла дискретно, тоа си е нејзин избор и нема никаква врска со форумот туку причините лежат во самата нејзе. Изговори во смисла-форумот не е каков што беше, не функционира, никој не го води итн. не држат вода, бидејќи ти самиот си го наоѓаш своето место на форумот и си го градиш како што мислиш дека треба според тебе. И јас сметам дека нема доволен број на обични модератори па и тие што ги има премногу доцнат со модерирање или модерираат пристрасно. Ама тоа не значи дека треба да изигрувам жртва и да бегам за да бидам центар пажње. Туку, сеуште не ми е јасно зошто Дволичен сакаше да се откаже од форумот? И мило ми е што се врати. Се надевам дека причината за неговиот моментален гнев и посакување да се напушти ова прекрасно катче, не била некоја женска виртуелна љубовна мака. Туку фалат danichap, kravce, slavica... порано беа поактивни, ајде вратете се, немам со кого да си се зезам и фаќам сеир.
А зашто едноставно не можеме да си прокоментираме некој настан без никоја задња намера, причина, величење или не знам што? Единствено, зашто ни е мерак да искоментираме за тоа зашто толку луѓе си одат, без нешто да се припаѓа у несвест, да се јават оние вечните расположени за кавга и тупење до максимум и да ја напраиме пуздер работава? Тоа беше поентата, не говор пред предвремени избори, подготовка за нов бунт и востание, чисто се најдовме во муабет, 2-3 или повеќе, сеедно, дека многу луѓе едноставно кренаа раце од пишување, дали е од своја воља или некој стран фактор се умешал, не е битно, битно се десило. Не го пишувам ова сега за да се закареме Абеја или очи да си ископаме, едноставно не сметам дека некој некого тука величи, или го повикува на мелодрама или монодрама-едночинка каде ќе се опростиме со солзи во очите. Колку и да звучни смешено, со некои луѓе тука се поврзуваш на некој начин, па макар виртерлно беше фино да си ги споделиме маките, да се насмееме, зафкавме, не битно што, без травијалности да се дружиме, макар позади монитори и без ликови и имиња.
Па јас си кажав лично мое мислење за бегањето од форуми и изигравање виртуелни жртви. Но, форумот не е нашиот живот, не значи дека ако се откажам од некој форум дека готово, мојот свет нема смисла. Можеби ќе се сретнеме на некој друг форум со други профили и нема да знаеме а можеби и ќе се препознаеме од ова место. Ако веќе си го започнал орото, играј до крај. Со ова сакам да кажам дека ако си погрешил-подобро исправи го тоа на местото каде си погрешил. Ако мислиш дека си во право а другите грешат-исправи го тоа, докажи им дека погрешиле а ти си во право. Или ако не сакаш да се замараш и мислиш дека имаш подобри места од овој форум за посетување, тогаш или испцуј ги сите и отиди си бурно, повлечи се тивко и дискретно или објасни дипломатски. Ако некој вредел и сте му вределе макар и виртуелно, тогаш ја заслужува вашата доверба и потреба од едно виртуелно опростување. Но ако некој бега, без поздрав, без било што да каже и сака да остави дилеми после него-тој е премногу мал во очите на другите. Повторно ќе спомнам-нема врска со Трендафилка, можеби е само зафатена со нешто и ќе се врати,како и сите можеби и таа има некои лични причини, работни, семејни и сл. и не е во можност да пишува на форум. Јас сакав само да се изјаснам за начинот на повлекување и кревање галама за истото.
Абеја не збориме за истото очигледно. Баш Трендафилка не крена никаква галама, ни драматизираше у врска со прекинувањето на пишувањето тука. Јас не ни знаев додека таа лично не ми кажа, и пошто гледам прашуваа каде е, пишав дека нема да се врати, а поради која причина и зошто не оставила проштална порака мање битно, тоа е само нејзина одлука. Ти пишиш за драматизирањето - што пола и повише го направија, а се сеуште тука, а ние пишеме за сосема друго, за замреноста на форумот и неговите недостатоци.
Можам да погодам ,мислам дека Хуго ја запросил па да не се издаде што го рибала на форумов мора да се сокрие сега (шала на сметка на трендафилка ,јас частам )