1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде е...?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од KuklickaSk, 9 декември 2010.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Па никој од не алудира на тоа дека форумов е реалност, т.е реален живот, јасна ни е на сите виртуелноста и се што носи таа, и не ни мислев дека некој тука се прави жртва или ние го правиме, барем мене тоа ми е нон сенс и незамисливо. Секој си имал своја причина зашто се откажал од пишување, и без разлика дали напишал пост дека ќе си оди или не, не сметам дека глуми жртва.

    Не се сфативме но океј, секој со свое мислење.
    Едноставно се поочигледни се некои раздори или како и да ги наречете, без некој да е жртвата, може да се почувстува глупаво или непријатно или непосакан.

    И најтрагичното од се е, што не се само децата проблем, проблемот секогаш се воздрасните што се јавуваат демек како позрели и попаметни, а само на крајот излегува нешто друго.
    Ај да престанам да млатам празна слама во 1 саат и да изигравам шериф на правдата или не знам што, не ми оди очигледно.
     
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Неможам а да не се сложам делумно со Абеја.
    И да потенцирам дека не се однесува конкретно за Трендафилка туку општо за сите бегалки од форумот.
    Според мене ако веќе се одлучиш да заминеш и притоа ги известиш сите со проштални говори подобро е никогаш повеќе да не напишеш ниту еден збор туку да си останеш доследен на своето. А тоа заминување па враќање и останати циркуси се навистина смешни и колку некој и да бил квалитетен форумски лик после тоа не заслужува почитување.
    И еве конкретно и за Трендафилка па и за многу други членки кои веќе не пишуваат тука многу ми смета што после првото поозбилно спукување во некоја тема одлучуваат да си заминат. Па и така ова е само виртуелен свет овде, без разлика колку и некој да ме напаѓа ако сакам ќе продолжам да пишувам и едноставно нема да придавам многу значење на тоа. Во спротивно излегува дека тие пишуваат за нас а не за себе. Јас конкретно ќе шкртнам нешто затоа што јас така сакам и мене да ми олесни а не за тоа како ќе бидам сфатена и каква ќе сум во очите на другите. Излегува дека како на нас останатите некој ќе ни напрети со тоа што некој квалитетен ќе си замине одовде.
    Ако веќе си одиш, замини си тивко, паметно направи Трендафилка што не се изјасни конкретно за тоа заминување, нема потреба од толкави драми овде. Жално е само во што се претвора форумот и очигледно ова е само почетокот на крајот.
     
    На LittlePinky и Abeja им се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Па јас не ни пишував конкретно за Трендафилка, не ни знаев каде е и што е, туку општо за причините за повлекување и кревање прашина околу истото, правење циркуси.
    А форумот е таков каков што ние го гледаме но и правиме и покрај тоа што не ни се допаѓа водењето на истиот. И власта и опозицијата не ни се допаѓаат, ама ние сме тука, живееме, се дружиме, опстојуваме.

    Дволичен, бидејќи Хуго е бос, може отишла да му купи кондури (од Италија) :lol:
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Femina = Glamstik :clap:
    Форумот замина во неповрат и кај и да е,ќе пропадни. За нешто да успее секогаш треба да има две страни, а овде веќе ги нема. Јака им душа на модераторите (без администраторите),ама тоа е...
     
    На LittlePinky, Domino и Elennaa им се допаѓа ова.
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Јас, искрено, на форумов се уклучувам зошто едноставно сакам да ги читам темите за козметика, од една причина - најкорисни ми се.
    Факт е дека форумов стана срање (извинете на израз) откако дојде тој наплив на деца овде.Абре, читам некое мислење, отварам на профилот, 12-13 години. :o Значи сестра ми има толку, и таа бре нема помислено форум да отвори, а не па да пишува.Јас и ден денес го отварам форумот пред неа, а таа нема поим што е тоа.
    Отварам СДК да прочитам нешто паметно, искрено, што да видам...цитат до цитат превземен од некаде, мислења од типот на „бев ваму, таму, ова правев, тоа правев“, слики...значи ужас, прегледувам прва страна и одма затварам.
    Немате поим колку ни се смеат форумџии од други форуми, и во право се, дефинитивно Фемина се претвори во Гламстик.
    Ама, не си одам...не се уклучувам, туку од страна ќе си ги читам тие феминки што ми се допаѓаат, и ќе чекам администраторите да го опраат форумов.
     
    На Silver.E, Ann.94, Anna-Banana и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    А ако ви недостига квалитет на форумот зошто вие не се обидете да ги заживеете темите во (на пример) Психологија, Општи дискусии, Политика и т.н.? Во Што ручавте денес искрено не знам ни што очекувате да прочитате. Децата сигурно нема да коментираат на теми каде ќе бидат испишани подлабоки мислења ако не ги разбираат и ќе си останат на темите кои на нивна возраст им се гледаат интересни. Форумџии од други форуми се смеат, ама се смеат зашто таму активни се теми од областа на науката, историјата, глобалната политика, а овде цела дискусија се одвива во Величествениот и во СДК. Ви ја разбирам поентата, мислам дека и админите сносат одговорност за незадоволството и неажурното модерирање поради недостаток на членови со виолетови букви (од кои стварно мислам дека на една ама баш не и е местото у тој тим) но факт е дека квалитетни теми фаќаат прашина или воопшто не постојат, а при ваква дискусија многу од членовите ќе се истрчаат да кажат нешто воспевајќи некакви стари форумски времиња во кои не биле толку активни форумски игри, ама затоа 80% од мислењата иделе во Љубов и Секс колку што можам да видам од датумите). Категориите за Мода и убавина се сосема на место од аспект на мислења кои воопшто можат да се сместат таму, кога и да сум имала некое прашање, обавезно некоја членка ми излегувала во пресрет. Семејство, фитнес, здравство ретко отворам, скоро никогаш и не можам да зборам. Другата наука исто не ја отварам, ама е крш, треба да се среди. Музика, Филм изобилуваат со теми, но и таму е слаб интересот, освен ако не се во прашање турските серии и некои реални шоуа. Мене лично Образование и Литература ми одмилија за читање, првата зашто бараат само состави да им пишеш и да им раскажуваш лекции, а втората зашто у поткатегорија книги дискусија се води само за кич литература.
     
    На ariela09 и poenta им се допаѓа ова.
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Мене смешно ми падна обраќањето на Билката.
    Не знам зошто толку ја изначудија препукувањата.

    Кога мачката ја нема, глувците оро играат.
    А бидејќи мачката исчезна, секој глушец ќе си тера по свое. Иако искрено, сметам дека добро се држиме и покрај тоа што од мачката абер нема.

    Само ќе набројам неколку души, што имам чувство дека фалат. Нормално дека секој си има своја причина, некои имаат обврски, се откажале или која било друга причина. Можеби повеќето од нив се тука, ама не сум ги начекала. Додуша и јас не се врткам во многу теми...

    blond, vendiii, starbucks, CIA, Strumfeta93, Wild.Child, ljubam, TeddyGrey, TheCandy880, Hopeful, baguf4e, Phyramide, Plavusa.17, EleMental, FBI, LivingGlam, JoxyTheFreak, marama, sesilija, Jojoba, Theodora, AlicaInWonderland, Go-Girl, Cynthia, Miss-Independent, GeorGinnA, Sephora, Magnolija, innablood, Avril.09, SOVRSENSTVO, BeYourself, skyAngel, Lov3, La.Reina.Del.Sur, Saya, DAngel, rossonerka, Ammy.Lee, Pelikuna, LittleDevil, Mistery, cigarce, Nightwalker, esperanca, mysterious, enca.69, wolf4e, Rock-a-Fella, Offspring, 2468, Marilyn-Monroe, creshicka, Unfaithful18, Lolipop23, Tenkai, Lux, Rozich, x.Daisy.x, BoaVista, karak, Dushica-sk, Stoimenovska, GarpovaV, eli25, caroline.costa.
    Можеби во себе си викате, пф, која и` е целта на оваа што набројувала? Немала попаметна работа. Ама ете да прашам. Можно е за форум, да се чувствува носталгија?
    Значи не, не велам дека поновите членови не вредат. Има некои што толку ми прираснаа за срце, што едвај чекам да ги прочитам некаде. Туку криво ми е што некои од горенаведениве ги снема.
     
    На eli25, TheCandy880, Cynthia и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Каде е bittersweet? Одамна ја немам сретнато низ темите.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.564
    Покрај вината на администраторите, во голема мера и самите форумџики некаде си носат вина.
    Она за администраторите што имав да го пишам, го пишав, само ме изненади нивното изненадување за настантите. Малку да си го голтнат егото и да прифатат критика не ќе да е лошо.

    Но во други случаи други се проблемите. Дека жените имаат одвратна природа не е само овој последен настан, туку низа настани претходно каде администраторите не може да имаат никакво влијание на разумот на нивните членки.

    Дури и некои начини на однесување се уште ги има. Се уште се копа по фб која феминка е која, а дури ни форумов не е интересен до таа мера, можете да замислите што се случувало кога беше во неговиот зен, кога секој со секого беше ентузијаст да се дружи, па тоа кафиња организирање, па дечковци делење, па ти си мој најбољи друг,а три дена се знаат? И после си се истрпеа еден куп последици.
    Гледајте ја широката слика. Им се случуваше и на твитер едно време истото (ако не и уште трае). Никој со никого не се познава, сите си мастурбираат еден на друг, еј како му текна тоа да му твитне, па поштување, па едно па друго, па седат дома и смислуваат генијални твитови за да се импресионираат еден со друг. Доаѓа момент започнуваат средби, кафиња, запознавања, дружења, сфаќа секој кој е кој серко и почнуваа оговарањата, антагонизмот, хејтањето... И више ништо не е како порано. Се демистифицира секој и секое его има тенденција да си направи филм - еј па што, овој во живо и не е така јак како што го мислев. Всушност ретко која средба е изведена од вистинска желба, туку од сопствено его.

    Епа така беше и со фемина. Среќна сум што мојот балансот на запознаени феминки ми е ист како пред хм...можеби повеќе од година и пол.
    Не верувам дека администраторите можат да дојдат на вашите масовни кафе средби и да ви ги уредуваат односите таму.
    Со самото тоа што си правите луксуз да копате која е која по фб, е потребата на вашето мизерно его да се чувствува подобро во однос на себе си.

    Ај здраво.
     
    На JoxyTheFreak, Gea, 2468 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Каде е ozbilnazena ?
     
    На ozbilnazena и Kaylie им се допаѓа ова.
  11. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Каде е трендафилка??
     
    На MacenceEna и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. Roxana

    Roxana Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2013
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    71
    Пишано е во неколкуте последни страни, Трендафилка веќе немало да пишува на форумов.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.088
    Допаѓања:
    155.564
    Да не бидам погрешно сфатена, она со дечковците, мислев на добро познатиот настан кога две феминки се испокарале за еден добро познат фемин ( а па да беше уште и јак алфа мажјак, па да сфатам) благодарение на женската глупост. |( Кои беа и како беа протагонистките, не се дозна, освен за феминот ради малцинството на мажи на форумов.
    А не дека некоја украла нечиј дечко од претходно и слично.
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    За овој форум станува збор? :o
    Леле сега мораш да ми откриеш барем за феминот кој бил, па јас ќе откријам кои биле феминките.
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    А искрено што ви е гајле кој бил феминот алфа мажјакот, феминките кокошки и целата ситуација?
    Нешто ќе ви смени во животот тоа, драстично?
    Нема да можете да живеете без тој податок?
     
    На LittlePinky, Divinebutterfly, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Опааа еве ја едната феминка, третина од работата е завршена :rofl: :rofl: :rofl:
    А втората е анабела-а, зашто прва ја лајкна Хипстер :lol:
    :*
    Па ќе ми смени да ти кажам право, ќе ми го зголеми апетитот за вечер за скара :rofl:

    А сега сериозно, каде е славица? :^) Порано беше поактивна.
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Cynthia каде е?
    Одвреме навреме ќе пише некој пост, ама ја нема одамна да се пушти :?:
     
    На Cynthia, Elennaa, LilBaby и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.953
    Допаѓања:
    10.140
    Големиот број деца на форумов е само последица на се што се случувало помеѓу повозрасните во изминативе години. Работите не се отидени надоле од вчера. Се согласувам најмногу со Лилит затоа што главно драмите по форуми започнуваат кога дебело ќе се премине линијата до којашто членовите си ја откриваат приватноста.
    До пред неколку години бев член на форум којшто пропадна од истите причини. Почнаа на велико да се организираат форумски средби, па на почеток сите се сакаат и се е супер, ама по извесно време се тоа почнува да се враќа како бумеранг директ во глава. Кога на тоа ќе се додаде неприсутноста на администраторите и недоволниот број на вистински активни модератори се добива рецептот за пропаст на еден форум.

    Друга работа, пред некој ден увидов дека темата за цветчето има над 200 страни :^) Кога форумот би бил малку поедноставен за такви работи до некаде мислам дека ќе се намали тоа штанцање постови поради такви безвезни причини како „Каква боја ми е цветчето“.
    Или моментот со рејтингот. Кога тој би зависел само од темите каде што има дискусија, а не од мислења во специјални поздрави, трети смени, модни критики и сл. би било малку подруго. Кога ќе ми текне па дека од таа причина моментално има само 4 модератори...

    Не ме изненадуваат разните мотиви на членовите да пишуваат на еден форум и жебата да бидат прифатени и почитувани макар во еден виртуелен свет, туку искрено ме изненадува односот на администраторите на еден од најпосетуваните форуми во Македонија.
    Тие се оние кои што се одговорни за поставувањето на правилата и на менувањето на истите зависно од ситуацијата, затоа што форумот сепак секојдневно е подложен на разни промени и не може да се појавуваш еднаш годишно и да мислиш дека се ќе тече глатко благодарение на неколку модератори. Модераторската функција е на доброволен основ и постои само за помош, па би било многу неблагодарно да мислиме дека тие треба да го водат форумот.

    Знам дека малку повеќе забегав од темава и дека сигурно ова е кажано сто пати, ама кога поголем дел од предлозите на членовите би биле ислушани и можеби спроведени, тогаш верувам дека се помалку би имале причина да пишуваме во вакви теми и да се чудиме на заминувањето на голем дел од феминките.

    Како и да е штета за Анатх и Трендафилка, секое заминување на квалитетен член е губење на уште некоја квалитетна дискусија.
     
    На do-re-mi и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  19. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Каде е Rozich ? одамна нема пишано.. :?: :)
     
  20. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485