Уште кога пишуваше имаше коментари во темата дека не штима , ама веројатно ги игнорираше или не ги ни прочита незнам. Па продолжи да пишува. А толку сликовито пишуваше.
@Serafima не пишува веќе??? Ми фалат нејзините постови... @MrenaRiba недостига да кажи како е малечката и што се случи после пораѓај,те мислам.
Јас само знам дека оние што измислуваат работи за својот живот или се претставуваат како личности од спротивен пол се психички пореметени. Болни со тапија и за лечење. Зарем некој има толку време и трпение да измислува прикаски? А за оние кои биле претходно банирани и пак се враќаат тука, немам ништо против. Нормално, ако си ја научиле лекцијата од претходно.
Надвор од технологија за жал, ете, си ме нашол на сликава како се тркалам врз суви листови. Без лаптоп и мобилен сум моментално, ќе се вратам во скоро време, чекајте ме.
Тука сум душо, се вклучувам понекогаш, а морам да признаам дека тоа е се поретко. Обврските си го прават своето. Ти благодарам мила што не си ме заборавила. Те гушкам
Каде е mentol бе луѓе, не можам ни да го означам... Каде е @macedonec15 ? Каде е @RealLover ? Каде е @Jaime20 ? Се сетив еве на нив
Јас не би прашал никој(а) каде е пошто реално ниедна не ми фали сега за сега само ќе кажам... сите сме тука некаде! Можно е и мене да ме снемува на периоди за брзо време. Знам нема да фалам никому чисто да кажам. Неодржливо е на редовна база да пишуваш и да твориш на форум освен ако ептен имаш слободно време. Факт е дека влече пишување на форум и ствара некоја зависност стално да се логираш, ама тоа е под наша контрола! Имаш обврски и други поважни работи? Не се пуштај на фемина, кратко и јасно. Ако некој чека одговор и порака ќе добие одговор кога можеш да пишеш. Гледам некои се жалат по разни теми и бараат доброволно да бидат банирани пошто не се во состојба да си го средат и организираат животот и се распишале со по 20-30 членови по лични пораки и нормално ќе се зависни од фемина и 24/7 глава нема да можат да кренат пошто секогаш некој ќе е онлајн и ќе им пише порака и они ќе се осеќаат должни да вратат и никогаш не можат да го кликнат копчето “Одјави се“. Сега за сега го немам тој проблем фала богу. Виртуелен живот е виртуелен живот, треба да се олабави малку. Главам сечам дека барем 50% од активните членови да бидат банирани ќе паднат во депресија пошто не можат без фемина.