Завршив во Арсени Јовков, смер економски асистент, а од економија денес абер си немам Не дека некогаш ме привлекувало математика, книжења и сметководство, али на 13 години и не покажував баш некаков интерес за нешто друго па изборот падна тука. Како и да е не зажалив, одлично поминати 4 години од животот и образованието. И сега кога отворив на Википедија да проверам дали е ДСУ или сега му го смениле префиксот (или како и да се викаат тие буквичките), видов дека и премиерчето наше завршило таму. Оу јеа, не знаев дека и такви податоци има Вики.