Георги Димитров - Скопје. Внатре е како болница, однадвор - игротека. Убаво си поминав таму, научив повеќе нешта што не ги пишуваше во книгите, а тие што ги пишуваше ги забораив
Првите две години учев во ЈБТ, ама ми текна дека сакам да си имам некаков занает демек и се префрлив послем во Моша Пијаде ( Арсение Јовков ), за да на крај се запишам на сосема друг факултет ништо од мојот занает.хаха
средно медицинско училиште "Д-р Јован Калаузи" во Битола...... ех да ми се вратат тие деној и дружења
С.Е.П.У.Г.С.Васил Антевски-Дрен, Скопје. Моето најубаво училиште, што највеќе си го сакам, најубав период ми беше тој, средношколските денови се незаменливи и неповтроливи, преубави спомени. Колку само сакам да се вратам барем на неколку дена во школкските клупи, со старата екипа, со најдобриот и најсложниот клас. Уффф сега ме фати носталгија, сакам пак ... П.с. СЕПУГС-Средно Економско и Правно Училиште на Градот Скопје. Јас си бев правен смер .