Здраво Здраво Еве читајки за Нова година решив да почнам тема за Стара Нова година. каде планирате да идете пишете.
Изгледа во ресторант Бисера, малце на македонско музиче, само да не претераат со турбо фолк, ма да не му се потресувам толку
Сеуште немам некој конкретен план, има шанса да одам во Белград или пак, да се собереме со друштвото во некој кафич
Сама, во Скопје. Дечко ми ќе биде во Ниш на утакмица, а јас ќе си учам !! А толку е убаво дома за тој ден.
Голема забава се спрема, 60 души некаде. Многу убав простор, убави луѓе, жива музика со гитари. Ама не ми се оди, незнам дали ќе си поминам убаво...
Во градот на дечко ми. Здравје, ќе одам во петок, и се враќам во понеделник дома да се посветам конечно на испитите кои ме чекаат немилосрдно
Незнам за кај вас ама кај нас како за коледе така и за василица (стара нова година) се пали оган.Па најверојатно со дечко ми некаде покрај оганче или незнам можеби и со моите
Незнам... Уште не сум размислувала.. Искрено јас како што се осеќам омалаксано деновиве, јас и радо дома би седела..
Сеуште незнам. Се си викам има време, има време а деновите поминуваат. Незнам навистина, најверојатно ќе излезе некоја понуда во последен момент.