Со моето срценце...Денес ни се падна и да правиме 9 месеци,ќе си правиме вечера,вино,свеќи..и после...
Дома со неколку другарки.. Инсистирав да биде кај мене и да биде во домашна атмосфера. За саат ипол доаѓаат, се надевам ќе имаме убав провод, безразлика што во последен момент го сменив расположението.. на лошо. Како и да е, поминете си убаво вечер кај и да одите. Have fun.
Не се оптеретувам многу за ова, дечко ми ќе се берат кај негов другар, ако има женски ке одам и јас ако имат сами тие други планови, ке излезам во кафич, диско со братучетка ми, и за адет може и да се покоцкаме некаде. Ја би првото, во домашна атмосфера ама не се знае.
Со друштвото Нова што славев, само не со сите, овие што сме поблиски, во домашна атмосфера кај некој.
јас сум и заборавила дека доаѓа Стара нова година Најверојатно ке одам во некој кафиќ со истото друштво од Нова година.
Најверојатно нема ни да прославувам, како и секоја година. Стара нова година нема никакво значење за мене, па така да не ја користам како повод за славење. Добро, да не заборавам на Стара нова година мајка ми и татко ми ја слават својата годишнина ама тоа не се смета како славање конкретно на Стара Н.Г. . До душа моите често знаат да отидат некаде и воедно да ја чекаат „нашата нова година“ . Според мене еднаш во годината е нова година и ја прославувам ноќта 31 декември спрема 1 јануари, односно почетокот на календарската година, а не на 13 спема 14 јануари.
Годинава сакаме да се организираме со друштво и да отидеме до Вевчани. Да прошетаме и да го видиме карневалот
Искрено, годинава ептен мрзливо ја почнав и никаде не ми се оди по студенилава. Радо би во домашна атмосфера со пријатно друштво, иако традиција ни е да си седиме надвор на оган, ама што е - тоа е. Си правиме планови со Лепи за неколкудневен престој на планина и ќе биде супер ако се стокмиме до тогашш. Ако не - здравје, што можам.