Јас за Нова не се притресувам последниве 2 години,а не па за стара Дома со тон страници задолжителна литература :geek:
стандардно со друштвото мое ..правиме паричка во пита секоја година и кај кого ќе се падни кај него се оди наредната година ....правиме и наградна игра и си купуваме поклончиња уз добро друштво и вино излегуваме после вечерата во некоја дискотека...
Веројатно никаде, сите спремања за Нова година ме нервираа, па уште и за Стара нова да треба да се мачам, како не...Ако има некој интересен предлог, супер...Ако не, домче
Со дечкото се разбира.А каде ? Па и не е битно.Не е важно каде си важно е со кого си Убаво да си поминете сите каде и да одите
оваа василица сакам да вртам пита со паричка со дечкото бидејќи кај него така се прави . е сега ме интересира за тие што слават василица што друго да приготвам.Читав на нет и ќе спржам колбаси ќе земам гребки бидејќи се играле и игри на среќа. Нешто друго? Некој што слави василица од вашите обичаи од западна Македонија некој педлог ?
Во секое маало се плаит оган,се носат за јадење колбаси стандарт и други месести работи.Нешто како ордеверче можеш да направиш за на огнот па да ги послужиш гостите. Се пие топла ракија,некаде имаат и музика па се игра околу огнот до рано насабајле.Дури се среќаваат со коледарчињата(не знам поинаку како да ги наречам)тоа се всушност деца што одат по куќи,исто како за Бадник. Сепак главна атракција ти е питето со париче,кај кого ќе се падне паричката ако сте на огон,наредната година тој треба да организира т.е да биде кум. Не знам,во мојот град вака се слави питето и огнот се најважни за Василица. А и да не ги заборавиме "мрсните" муабети кој се неопходни,особено од мажите. Исто така има еден обичај мажите ергени со музика сабајлето да одат по куќите на девојките,или па малите дечиња ги удираат со стапчиња девојчињата кога ќе дојдат сабајлето. И ова појма немам какво значење имат На кратко толку би било од тоа што јас што имам видено досега Бтв: Да не бидам офтопик,јас никаде најверојатно нема да одам