Со другарчиња, школски, последна година ни е заедно, мора да ја дочекаме годината заедно.. а каде сеуште не знам каде точно. Се договаравме во кафана, по кафиќи веќе е досадно изгустирано. Спојлер а колку само би сакала да бидам со него, домашна атмосвера.. и така сега ја започнавме врската.. милина. Ај, на први ќе бидеме заедно..
Ехее, далеку е уште 5 до 12. Мислам џабе е од сега да размислувам кога на крај нешто сосем 10то ќе испадне. Ја сакам Новогодишната еуфорија, и каде и да сум не се замарам таа вечер кој како бил облечен, кој што правел и како правел. Се што сакам е пијалок в рака и добро друштво. Загарантиран добар провод нормално дека нема да има, ама барем можам да се исклучам од работи кои не ме засегаат.
Каде си не е важно. Важно е со кого си. Иначе со школските, последна година ни е заедно, па затоа. А каде сеуште незнам.
Ме викаат во Крушево да идеме, планираат колешките да изнајмат спрат од куќа и да отидеме поголемо друштво. Ваљда и ќе се одлучам за таму, сакам промена досадно ми е од загушлив простор, полни кафичи со турбо фолк и пијани муви внатре. Ако некој славел во Крушево изминативе години нека сподели искуство како си поминал и каква е атмосферата за Нова година таму.
Лани со дечко ми сакавме да отидеме во странство, ама полагавме последната недела од декември и завршивме дури на 30ти, а турите тргнуваа околу 28-29. Годинава сме слободни од 25ти, па веќе разгледуваме понуди по веб страниците на туристичкиве агенции. Во потесен избор ни се Виена, Рим и Истанбул. Само што, ако нема доволно заинтересирани за пречек на новата година во некој град, турите не се организираат. Народов нема пари за такви работи, па ќе видиме што ќе бидне до тогаш. Ако ништо друго, ќе си ја чекаме во домашна атмосфера, или во викендичка на планина со многу снег. Кафаните, рестораните и клубовите веќе ми се досадени.
Море и јас оваа година така планирам. Ноќта спроти први да си останам со моите. А наредната вечер планирам да се ижуркам, и додека другите ќе бидат со подочници до колена, ќе се трезнат од претходната вечер и ќе ги боли глава, јас ќе бидам со насмевка од уво до уво и ќе испаднам најубава на сите слики
Рано е уште да се мисли, не ме фаќа еуфорија како пред некои 5-6 години кога Нова година ми беше опсесија. Веројатно со друштво негде, ако не планираат да одат на патување. За патување пари нема Така да ако друштвото не „напушти“ може и во домашна атмосфера со либето, баш како за мојот џеб.
Веројатно во Берово со другарките (само девојчиња), иако сеуште немаме смештај најдено, а време ни е.
Со оглед што сум без работа, за жал не можам да си дозволам луксузно славење, бидејќи и Декември, но и Јануари се полни со празници, а сето тоа се трошоци... Најверојатно дома со некои пријателчиња како мене....
Се мислев дали да отворам тема, ама некако глупаво ми звучи истата, па затоа можеме тука, да постираме од понудите кои ке ги сретнеме низ фб и интернет воопшто. Мислам ке ни излезе некоја интересна понуда во пресрет.
Ич си немам појма,можеби кај другар дома да се собереме.. или...осеќам дека со дечко ми ќе си останеме самички
Сеуште не знам. Ми се останува дома, одамна немам останато, а и многу сакам, како кога бевме деца. Сакам првата вечер, на дочекот, да останам дома, со мајка ми, а другата вечер да излезам некаде со дечкото, со друштво. Иако ме фаќа претпразнична атмосфера, некако за дочек годинава не ми се оди никаде.