Не ме фака еуфорија но си размислувам,сакам да ми биде поинаква затоашто сите нови години горе-долу ми биле безвезе Досега сум славела на сите начини:по ресторани со певалки џоа као свадба,по дискотеки,кафичи и неколку Нови години сум била на работа Лани дечко ми беше во Италија една недела јас не бев со него,бидејки бев на раб . Оваа НГ.сакам да бидам со него на некој плоштад во некој Европски град,добро може и БГ,арно ама оваа год ни двајцата неаме пари за да шетнеме а башка испитите ми се крај декември и почеток ноември СМРТ А и тоа што нудат агенциите ке си речеш ај топ понуда коа ќе се разгледа детално понудата ,за трошоците кои невлегуваат во понудата се усте 100 е најмалку...Сакам НОООО незнам што сакам..Се е некако не погодено
Господ знае кај ќе славам оваа година...со друштвото нешто се договаравме ама еден сака на едно место,друг на друго и никако да се погодиме Сега се мислиме за некој кафич или кафана ама како што тргнало мислам дека дома ќе си останеме ...па ако имате некои предлози за кафана во Скопје кажете и цените ако знаете како се движат...
Со дечко ми најверојатно ќе си останеме дома.Лани бевме во дискотека,дадовме 4000 денари за вечер ко секој петок и сабота,само што сега одбројувавме дочек на Нова Година. Не би пак,се договоривме или да одиме некаде надвор од земјата на шетање,или ако останеме во градот кафичи и дискотеки несакам,ресторани па ич.Така да,сеуште незнаеме за сигурно,ама и дома да сме сеедно ми е,и онака мене поубави ми се тие вечери пред и после Нова Година,отколку самата таа вечер.
знам дека не е поврзано со темата ама не знам каде да прашам па тука се решив да прашам да не знае некој дали картите за аца лукас пустени се на продажба?
Карти во претпродажба од 19.11.2011 во: -Југотон, Цвеќара розе веро 2, Камарад Рамстор/ -до 04.12.2011, 250ден. ВИП 400ден. -од 04.12.2011 до 09.12.2011 - 350ден. ВИП 500ден
Највероватно во некој кафич/клуб со мм. Малата ке ја оставиме кај свекрва ми па се надевам ке не остави да прошетаме малку и ние
Не размислувам многу многу, ама се збори за кафана. Што, како подетално рано е да се збори, досега сум славела се или во стан/куќа, кафич и дискотека. Во кафана не сме славеле па најверојатно таму ќе се оди и сигурно поубаво ќе си пројдеме отколку на горенаведените опции
Уште не знам, се даваат предлози но тешко дека наскоро ќе се одлучиме за сигурно. Не ми е толку важно дали ќе биде кафич, кафана или домашна атмосфера, местото не е гаранција за убав помин. Па и дома да останам не е ништо трагично, и така не ја сакам многу новогодишната еуфорија.
Паа, најверојатно со другарка ми, кај мене дома. Сега ке кажете дека немам друштво.. Ама можеби и со другите другарки кај една другарка.
Дома,со кифлички и руска Леле зборувам пензионерски,но навистина изминативе 3,4 години така практикуваме,се собираме друштвото дома,секоја прави по нешто јадење,а втората вечер ја славиме во кафанка.Не би ми сметало и со маж ми да останам сама,пошто Н.Г. не ми е нешто Повеќе сакам Божиќ. Икао сета таа атмосфера е баш убава.
девојки.. има ли некое добро место..кафич..ресторанче некое така за помлади..? кај да славам..неам појма. лани со друштво бев..али оваа година со 2,3 другарки сум само.(не ми дава гордоста да се вратам кај старово друштво) . стварно неам идеја кај да славам..се загрижив. пишете некој предлог поздрав
Јас сеуште незнам кај ќе славам Уште неможеме да се договориме,сите сакаат на различно место и се двојат од другите.Тоа онака многу ме нервира
Оваа година навистина не планираме ништо посебно. Веќе ми е здосадено од дискотеки кафани, кафичи. Сакаме мирно удобно топло, да не се мислиме дали на враќање може да не сопре полиција, тоест да се напиеме асално, колку си сакаме. Не сакаме ни нешто преголемо друштво. Така да се уште ништо не се знае.
Ако се биде како што треба, најверојатно ќе славам во Белград. Јас би сакала на плоштад, така најдобро ќе ја осетам српската еуфорија, ама не знам... Има време, ќе видиме.
Јас лани бев во кафич, да весело беше ама многу турканици, пијаници и такви работи и цела вечер само една пијачка вклучена во цената...затоа годинава решивме да одиме во некој ресторан...поскапо е знам но мислам дека поубаво ќе си поминам...би сакала да слушнам мислење од некој кој бил во рестораниве низ Битола за дочекот на Нова Година.
Во стан со многу мало, но пријатно друштво. И мачорот мој секако.. Дај Боже да испадне се како што треба