Немам појма, ниту ќе знам до последен момент. Не се ни оптеретувам многу со тоа, непотребни нервози се, кога на крајот пак ќе биде убав помин, како и во секоја од изминатите прослави за новата година. *Неофицијално само се „шушка“ да е некој кафич, нешто во тој стил. Веќе 3-4 години славевме со приватни организации, во изнајмени куќи/станови, па сакам малку смена.
Најверојатно во кафана на онаа со газиштето Гавазова акоо ја погодив воопшто не ми е многу по кеф но ајдее... А можно е и во последен момент да се сменат плановите ништо чудно па да биде по мое јас каде сакам
кај другарка ми во стан, одбрана екипица вечерта дома ќе си седиме утредента некаде во некоја дискотека и така, по скромно ама целодневна и целоноќна дружба и пиењееее
Општи прашања Да не знае некој што ќе има за Нова година во Метрополис арена годинава? Нешто слушам кажуваат, трачарат БУМ ќе бидело..?!
Јас сакам негде со дечкото, на некое мирно, топло место но како што гледам до последен момент нема да се одлучиме
Со дечко ми и со некои другарки и негови другари во кафич. И претходната година славевме таму и си поминавме преубаво. Се изнаигравме едно убаво до сабајле. А пред 00:00 ќе излеземе на плоштад.
Епа, јас уште не знам, знам само дека каде и да биде дочекот, сигурно НЕМА да го поминам играјќи чочеци по маси. А инаку лани околностите беа такви што новата година морав да ја дочекам во домашна атмосфера, и да знаете не беше воопшто лошо Башка, нема врска со ова, ама да си кажам да ми олесни, и годината ми тргна за нијанса подобро од претходните две напасни 2009 и 2010. Само се надевам дека и нареднава нема да биде како нив
Во домашна атмосфера, во Скопје, со друштвото на дечко ми. Не сакам кафани, дискотеки и сл. па затоа за овде се одлучив. Се надевам убаво ќе си поминеме.