Простор. Големо друштво сме, ама ако, сите си се сакаме! Сите сакавме и оваа година да си се организираме во простор, бидејќи наредна кој со женска, кој со дечко, кој во кафич.. абе глупости. Ќе биде интересно, верувам.
Ако е волјата Божја на Бдение во манастир . Мир, тишина, светлина на свеќи кои тивко горат и осветлуваат се, мирис на миризлив темјан... одмор за душа .
Со друштвото во еден ресторан - секогаш досега сме се собирале дома кај некогу па малку да смениме (се надевам ќе ни биде убаво)
Жабљак-Црна Гора,со уште еден пар,а после остануваме на неколку дена во Даниловград гости ке тераме. Не ми се многу оди но како велат старите ''Глава кршам атр не кршам''. Кога не очекуваш дека ке си поминеш убаво напротив излегува секогаш одлично.
Се каам што толку долго време планирав за Нова Година. Секогаш кога ќе се утепам од планирање на нешто, не испаднува како што треба. Така да, Нова Година ќе ја прославам со другарки, кај некоја од нив дома.
Со дечко ми и уште 3 пара во културна кафана ( ), без срцепарателни песни и манијачко, стари фаци (се надевам)... 1.000 денари плативме со топло и ладно предјадење, со вечера и торта и ограничено пиење.
Се си мислев дома , но ќе не има кај газда Жика на негова покана, да му тргнела годината ќе не забавува неговата певаљка од Србија , се надевам убаво ќе си поминам