Оваа година домче, ќе бидеме во исчекување на нашето бебенце, здравје па може ќе не израдува и за нова година да дојде на свет, којзнае, тоа ќе ми биде најубавата нова година и воедно најубавиот подарок за нова година
Многу ме смее дечко ми, шегаџија пустиот, т.е. шегобиец (се бие со шегата) , ќе сме оделе - во Истанбул? Да пукне човек, ем од смеа, ем од мака, јас не можам да присоберам за куферче Мејд ин Чајна, он мене Стамбол град... едино Благица Павловска да ми ја пее песничката на касета, у домашен амбиент со пилешка салата (руска е мејнстрим, да се разбереме) со кифлички и струмка.
ние ке прославуваме во домата наша ... оваа е посебна Нова Година .првата за моето сонце .. инаку нема да се разликува од обичен ден ... малата ке си легне во 20ч најкасно 20 и 30ч ...и то Јас сум повеке возбудена за Божиќ мхмх ке има делење поклони :geek:
Охоооооо, рано е од сега. Појма неам до тогаш шо ќе се деси. Ќе се одлучи тогаш кога ќе биде "еуфоријата" А и никакво значење ми нема овој ден. Ко тој еден да е за прославување, фрлање пари, пијанчење и слично. Е нема, утре ќе одам ќе купам фустан и штикли и ќе одам во кафана на јадење и пиење за инат на комшијата. И едвај чекам да пројде оваа година...
Da se nadovrzam na Trendafilka,i jas zapnav za Stambol grad i macho moj ama onaka ozbilwn mi vika,kaj po cel den gi glefam rikachite turchista na tv uste i muzikata da im ja slusame,pa demek so ali riza ke slavine,i jas onaka si rekov podobro SHUT UP!
Не е сто процентно дефинирано, или домче или на некоја собиранка,а ама како и да е оваа Нова година ќе биде посебна дека целото семејство ќе е собрано. Конечно и моите најмили се решија да ни дојдат, па ќе бидеме тип топ. Што да посака повеќе човек?
А за мајот кај ќе се бериме ?! Вакви активности никогаш не ми се испланирани од напред. Се откажав од долгорочни планирања по неколку фејл ситуации. Ќе видиме, јас би седела и дома пред телевизор пуштен на албанската МТВ. Ќе си мезам руска и ќе манам некоја чаша ракија. Ќе си испржам колбаси.
рано е бе луѓе иако понудите за подалеку одење почнаја по агенциите,најверојатно Шведска ќе бидам како и лани но не е сигурно може и тука да останам кај и да сум само со дечкоми да сум и у кафане да не сум најглупава работа ми е ајде сега како свадба чочеци ора ќе играме преглупо ми е да лупнам пари за алишта кафана ќе потрошам околу 100 ева со тие пари Грција ќе одам или на др.место ама луѓето не размислуват шта чеш
Навистина е рано за дочек на нова година,но посакувам да биде во домашна атмосфера можеби некое друштво или со некои од колегите но сепак поубаво би ми било ние сами да се изналежам како човек бидејки нон стоп сум со работа сепак незнам секогаш решаваме последен момент
Ја би под кебенце со дотичната личност. Чајче, филмче, прегратки, романтика. Не ми претставува новата година нешто „ау“ па сметката на моите у минус да ја дотерам, да се превртам три пати во шифоњерот, и да ги закачам сите светлуцави партали на мене, да одам да се напијанчам и топ да си поминам
Не е прерано за Нова Година? Да почнеме со другарките да збираме пари, а? Највероватно у пижами и папучи кај другарка со јадење и пиење
Кај една другарка, заедно со сите девојчиња од мојот клас. Требаше да правиме заедно машките и женските. Јас баш и не сакам да одам со женските, не дека не сакам туку не ми се оди во таа куќа кај што треба да идеме. Скоро никој од женските не сака, поради една причина која мене и другите многу не плаши. Ланската нова година бев со другарка кај машките па потоа кај женските. Кај машките беше ПРЕЈАКО. Значи поубаво досега си немав поминато. Сепак има уште цели 2 месеци, до тогаш се може да се смени .
незнам јас како шо почнав.. изгледа пред пц ке ја поминам сама :/ али мислам дека уште е рано па ке видеме
Со оглед дека полагам до 30 декември и од 8 јануари, најубаво би ми било дома! Да си каснам, одморам, уживам во атмосферата и да се наспијам! Којзнае каде...
Сакам да одам негде на некое ,тивко и романтично место, се мислев за маврово или берово, ама незнам... Да не знај некој некое друго такво место во државичата ни наша малечка ?