Во Белград, се надевам ќе најдеме поефтин смештај, ако некој нешто знае нека каже. Јас од она што гледав на букинг сите цени за сместување се 100% поскапи отколку во друг период од годината. Инаку,бев и пред 2 години во Белград и беше преубаво и преку ден и навечер.
Кој сака да оди надвор од МК, во било кој град, наместо хотели, еве ви сајт http://www.wimdu.com Па најдете си апартман/стан за ефтини пари
Па со другарки ,има сеуште време но сакаме да биде во кафана.Додека другите години се залагав да бидам јас се нај топ од глава до пети оваа година ми е само да одам како да облежам да се најадам и ДИМ ДА МЕ ЊАМА .А нешто мајками веке почна да ме питува што ке ставам.Аџ бе мамичко она повеке се залага за мојот изглед моментално отколку јас ..срце е
Цела таа новогодишна еуфорија мене ми е претерана а всушност не е ништо од само една обична вечер како и сите други.. не знам зошто сите ја доживуваат толку еуфорично како нешто којзнае што да се случува, како сите да чекале да дојде токму нова година па за да излезат во кафана/кафич да се изнапијат да се изжуркаат и после биле некои party people. Не го разбирам менталитетот стварно, цела година седат дома и оп дојде нова година ураа ќе се журкаме како последно Па и цела таа фама околу облеката, како божем ке се појавуваат на доделувања на оскар... Јас мислам дека му се додава преголема важност на една најобична вечер.. Зошто да не направите секоја вечер да ви биде како нова година, а не една кога сите ја живеат како крај на светот, со пијанчење, припаѓање.. и што ти знам. И да... новата година ке си ја поминам дома со најблиските, ке одморам од журките цела година конечно... мој мал заслужен одмор во пријатна атмосфера, со домашна храна и музика.
Ако одам со дечкото негде низ градов,а ако одам со другарките надвор од градот,а сепак во рамките на државава
Годинава сакам во Берово да бидам за Нова година, 3-4 дена, со момчето и уште еден пар. Некој ако бил да ми препорача приватно сместување, зошто хотеливе се изгор.
Не дека и придавам големо значење на новата година но сепак повеќе сум за во кафана да се прослави...затоа што ако е за дома...секој викенд може да се договориш со друштво да се соберите кај некого да пијате,пеете и сл.. Облеката? Па сигурно нема да одам во шопинг и да се нервирам леле што да купам леле вака...леле така
секој со својот вкус но толку ми е сељачки тоа славењето во кафана до тука бидва ора ќе играме на маси чочеци уффф леле како незнам што да се случува... Охрид 3 дена се надевам супер ќе биде
Јас најверојатно ќе славам во ресторан-кафич, така нешто измеѓу е тоа па после тоа во диско секако со најдобрите другарки
Како се нервирам.Кај мене уште ништо не се знае каде ќе одам или со кого.Ми се оди некако вкафана ама за таму потребно ти е друштво.Другарките со дечковците со посебни друштва.Дечко ми не е толку заинтересиран за одење негде така да изгледа дома ќе си останам
девојки имаат ли нашиве ресторани-кафани понуди за нова година.. јас до сега не најдов ништо .. ако има нешто или ако знаете пратете линк прашувам за скопје само.
Па сега за сега многу слабо, до 10-ти ќе извадат сите понуди. Јас до сега само за Под Кале(мала сала) видов дека има понуда, со тоа што до 15-ти ако резервираш помлаку се плаќа. Еве ти од Фб линк за настанот. http://www.facebook.com/events/459635470760450/
Јас сум ептен за женско друштвенце по дома. Јадење, пиење, музиче, глупиранка, мераци бре. Ако сакам во салонка, ако сакам во пандофла, ако сакам фустанче, ако ми се сака пиџамки. Или се` од горенаведеното. А после полноќ да се најдам со либето и да си продолжиме заедно. Така ми се сака.