Се надевам надвор од државава,ама ќе видиме,рано е. Имам ту мач стаф ту ду до тогаш. Планот ми е до тогаш да не се замарам. Ако ми опалат пари на сметка до тогаш, ако имам пред се желба до тогаш, ако имам друштво расположено за тоа, одам и одлучувам три дена пред дочекот. Ако не, ок ми е и во пижами дома да си поседам и да мечтаам ко лани дека ќе се сретнеме пред локалната трафика со вино у неговиот капут или нешто такво романтично! Сеедно ми е.
Па и ако е за кафана, секој викенд можеш да се договориш со друштво и да одите во кафана, освен ако кафаната не ти е толку недостапна и недофатлива. Јас обично за стара нова година одам во кафана, некако таа вечер ми е повеќе за кафански престој, додека претежно за нова година сум дома и мислам дека само овде на балканов се претерува со тоа славење на нова година. Баш лани видов слики од друштво во Мелбурн си славеа нова година дома на тревник во двор, си правеа скара, си беа исполегнале на трева, уживанција, а не се некои да кажеш сиромашни па да немаат да си дозволат луксуз. Јака работа кај си баш за н.г. , ама после ќе имаш материјал да се фалиш пред другите и на фб, кај си бил,колку скапо си го купила фустанчето што си го исфлека со вино, па како се направи дрво таа вечер не знаеше кој си што си, колку дечковци смува и сл. глупердии.
И јас не сум некој обожавател на новогодишни прослави. Последниве години си славиме дома, се собираме, храна, пиење, музика, филмови...што и да е. Па и ако сте си само свои, ма какви фустанчиња, пижама парти Прославите ги оставаме за 1ви, 2ри јануари, нема гужви, нема напумпани цени, нема форсирање. Оваа година се мислевме за негде на планина неколку дена, само многу луѓе многу работни места...којзнае како ќе испадне. Ме погоди и Трендафилка во сдк со утрото на 1ви јануари домичка, па топло, па дојадување што останало од претходната вечер... ги обожавам тие моменти. И сега? Кај и да е, некаде дома ќе биде, по кафани/дискотеки не доаѓа во предвид.
Сношти гледав понуди од туристички агенцииима добри понуди,за во другите држави се повеке прославата е на плоштад,сместување во хотел,а цените се големи за нашиот стандард превисоки.Мене лично ми се оди за Србија,србендите имат добра забава сакам хотел,спа центар топла соба романтика паметот ми оди за Врњачка бања.
Ова ќе ни биде прва нова година како фамилија, со нашето сонце. Ќе си ја прославиме кај баба и дедо, на југ, во домашна атмосфера, најверојатно со уште еден фамилијарен пар. Воопшто не се оптеретувам каде ќе одам за нова година, зошто буквално ништо не ми значи. Низ годините сум славела и во кафеани , кафичи, изнајмени локали,надвор од Мкд... и да видам реална секогаш поубаво си поминував на 1ви вечерта . Оваа година сум толку исполнета и среќна, и знам дека без разлика каде и да сум, ќе ја имам најубавата нова година. Сега ми е поинтересно да украсам низ дома, да изнаредам 3-4 пара сијалички за мачето мое да се врти по нив... обожава кога нешто и светка, ужива да гледа
А тоа Нова Година иде???? Не ја ни регистрирам бре.Не планирам по кафани зашто тоа ми е .Можеби со некој пар во домашна атмосфера ама и тоа како ќе се договориме.Би размислила на пример во поскромна варијанта некоја викендица на планина.Кога бев помлада обично имав пари ама немав време сега немам пари а време имам во изобилство ,и пак никако да се наштима работата. Шта чеш,живот.
Леле незнам, неможам да најдам ништо. Сакам да одам негде во клуб, дал во Сектор дал Капан Анн или слично, но незнам уште што line up имаат за Нова Година...Помагајте луѓе ако имате некои информации =)
Аман веќе од домашна атмосфера, ми беше убаво неколку години, сега сакам кафана!!! Не биртија, нешто поелегантно, но со мало дете веројатно пак ќе биде дома
Се надевам некаде надвор, па макар тоа биде и 20 минутна најобична прошетка...Ми се смачи од цигаросмирисани затворени простории... Се надевам и годинава ќе имам среќа да ме одминат петардине (најглупо нешто некогаш измислено) и дека само ќе се штрекам од звкукот кој го предизвикуваат, ништо повеќе.
Во Крушево со уште еден пар на 3-4 дена па ке има и лизгање ово оно, ке биде интересно лани бевме истотака па супер си поминавме.Вечерта на 31 ке си испаднеме ке се размрдаме уште толку....мислам таман ке биде
Веќе ми изживеа славењето по кафани каде што ги начукале цените ко да е само таа вечер и над глава од звучникот на певалката не се слуша ништо ,кафичи каде што има накинџурени девојки од кои половината прв пат излегуваат некаде каде што остануваат после 24 часот и мислат дека цел свет е нивни,пијани момци кои што мислат дека се ептен фраери.Не,оваа година со либето ќе си седиме дома со уште еден пар,со домашни кифлички и руска салата и омилените новогодишни филмови.Повеќе сум за славење на 1-ви вечерта одколку на 31-ви,некако ми е поопуштена варијанта и поубава,а богами и поевтина .
Многу многу ми се праи мерак за некоја пустелија, или некое селце со малку жители. Надвор нека вее, шо сака нека праи ние внатре на топличко. Така да сега фурам некоја идеја да идеме по планини негде или накај Берово или....не знам, Маврово. Ама ќе видиме. Не сум за кафани. И не сум за претрчување пак од влез у влез ко у воена зона затоа што ми е страв некоја петарда да не ми атерира на глава. Уствари годинава ми е само битно да сум со ок луѓе, со моиве, друго не ми е битно. Ама сепак би ја избегнала кафаната, кафана може да има и пред и после Нова година ама не за време на истата.
Јас и он, станче, мала шугава елкичка декорирана од моите вешти раце, лаптоп полн убави филмчиња, кило пилешки прсти со сосови, кифлички, жижици, смешни џемпери, јегер и мнооогу ППА (празничен полов акт).
ние со мажето ке си седиме дома, оти ни порасна мешето, и баш го очекуваме околу нова година, не сме баш за шетање така да оваа година дома ке си лежиме, ке си гледаме филмчиња со нешто вкусно за јадење, ако сака некој нека ни дојде на гости, а ние не одиме никаде
хахаха толку убаво го опиша ова така што и јас сакам да останам сега дома со љубовта моја ))) Инаку јас дефинитивно ќе одам Маврово