Почна прашањето од кое ми се крева косата. Не сум човек кој очекува премногу затоа и не се замарам со нова година и каде ќе се оди. Најдобрите планови се прават на 29, 30 и 31 насабајле
се обидувам да ги координирам двете другарки за да заедно славиме сите три ама едната не сака дискотеки, другата не сака кафеани-ај да те видам фати им го крајот а ако некој мене ме прашува сум за во дискотека или кафич кафана је моја судбина нема шанси
Имаше една понуда за виена мислам беше 11.000 ден и нешто со 3 дена сместена во хотел со 3 * со платени трошкови за патничко осигурување карта за лет дискотека за нова година појадок за 3 дена туристички водич неколку посети во виена на некои познати места и сл
Ние дома Нова Година не славиме,за нас тоа е обичен ден тогаш траат постите и не признавам славења до 7 јануари. Нова година ја признавам само Стара Нова која е наша православна после Божиќ
Поим немам.И мене секогаш од ова прашање ми се крева косата. Никогаш не ми било по кејф и не се замарам толку. Ќе видиме........
Јас сакам да го видам Нови Сад по втор пат, првиот некако измрзнав па не го доловив како што треба, иако беше далеку над тоа што очекував. Сакам пак, макар и по цена да измрзнам а уште поубаво ако има снег, ама немаме греење таму, ќе треба на греалка да се топлиме, малку неизводливо. Прекрасен град , треба да им биде главен град, Белград е нула во споредба со Нови Сад. Ехеее нова година на плоштад во Нови Сад....маженце се надевам дека ме читаш Зашто не си бев директор да си зимам плата од илјада евра, а?
Здраво девојки Ај ќе ве замолам доколку имате одено во Берово да ми кажете бројоче од некоја добра викендица,цена какви се услови ,колку соби има..
Да не знае некој како се движат цените за соба за двајца (приватно сместување) во Маврово за нова година?