Како што кажа Monna.Monna, многу е тешко да најдеш за 100евра. Сите си ги качуваат цените па макар и да ти понудат некоја шупа. Безвезе ептен. Тоа може да ти се исплати ако сте накај 30-40 луѓе.
По се изгледа кај свеки, она ќе го чува моето дете а јас од ќерка и (која во меѓувреме ќе биде на Малдивите блазе нив)
За Будва со дечко ми и друштвото. 4 дена ке сме таму. Не дека не ми се оди, ама дочекот на плостад, со сета таа гужва, цела вечер стоење ич не ми е по кеф. Се знае во ресторант е поубаво, да седнеш како човек на маса. Прво нешто коа ми кажаа мислата ми беше "и што ке носам сеа " убаво си планирав, ама што коа неможеш да се раскомотиш, и цела вечер на штикли, кај ми е крајот
Домаќинска Нова Година - конечно. Ќе бидеме два пара, еден другар на дечко ми, и една моја другарка која нема никакви планови, и не, не планираме да ги местеме, зар уште некој тоа го праве?! Си фукнционираме сите многу убаво и пријатно па сосем случајно се собравме оваа екипа, и ќе бидеме некаде во куќа, во топла и удобна атмосфера, со многу храна, пиење, музика за сечиј вкус, место за одмор и дремење во секое време, и на раат муабет правење и веселење и играње на шабански песни без никој напоречки да те гледа или оговара.
Годинава планот ми е многу по кеф.Вечерта ке славиме во Гевгелија најверојатно ,во кафиќ, а на први продолжуваме накај Грција на 3-4 дневно уживање.
И мојот план за во Банско пропадна и се изнервирав ептен Несакам по кафичи, кафани, и затоа се договоривме на плоштад да одиме, ама не цела вечер бидејќи не ми се мрзне и стои.
Како што тргнало, ќе ја пречекам Новата година на факултет, исколчена на столче со лењирите во рака. Не дека некогаш сум имала некаква посебна желба и еуфорија за дочек, ама годинава навистина не ми се оди никаде. Радо би останала во домашна атмосфера со најмилите, со греано винце во едната и либето во другата рака.
Каде за Нова Година? -Во затвор ако ме прашаш уште еднаш.(статус од на Фејсбук) Изгледа со брат ми и околу 30 заеднички пријатели ,но не сум сигурна.