Нова Година и каде ќе славите Јас многу па и не се заморувам околу ова. Лани бевме јас и дечко ми сами кај него. Нема да ми пречи и годинава да е така.
Нова Година и каде ќе славите Минатат год на 28дек излегов од болница па така новата год си ја поминав лежејки до мене имав две лименки пиво и еврејски семки цела нок во телевизорот зјапав.Добро телефонот не ми престана да ми звони.Годината ми продолжи пак со здравствени проблеми.Не се жалам имав и убави моменти.Подобро работно место,љубов од човек кој ми пружи внимание,добрина и почитување еве 8месеци сме заедно.Во фамилијата горе доле е добро. Синока баш разговаравме каде за Нова год на Пелистер во Молика тридневен аранжман 1050ден за една особа па ке размислиме.Јас лично не и придавам многу важност на Новата год секде можам убаво да си поминам прилагодлива сум и за во друштво и во било каков амбиент.Со тие што ги сакаш секде е убаво.
Нова Година и каде ќе славите Поголема е еуфоријата за она што ќе носам, и каква фризура ќе имам одошто каде ќе одам. Лани многу спремање удрив, локни, црвен фустан, и појќе уживав во спремањето одошто во самиот дочек! Ужас беше целата вечер, имаше во ресторанот каде што бевме една група од радовиш цела вечер свиреа народњаци, бетер и од свадба ! Затоа годинава знам дека имам веќе чизми, од оние до колена што се носат ги платив прескапо и нема шанса пак да купувам нови за таа вечер ! Ќе бидам едноставна, или мини розово фустанче или црно, зависи какво ќе најдам и кое ќе ми стои поубаво, косата ќе си ја избланширам, ќе ја исфарбам, ќе ја истапирам малце, долги обетки...и толку! Воопшто не сакам пак да одиме некаде низ градскиве кафеани бидејќи е прескапо и тапа е, се сељаци ! Идеално би било некое кафуле, или едно местенце што го знам малце одалечено од градов ама топ си е И најбитно-многу зависи и од музиката како ќе си поминете, дали ќе знаат да направат забава
Нова Година и каде ќе славите АМа баш ич не ми е важно годинава каде ќе бидам. Искрено би сакала да сум дома, со моите,без никаква гужва, луѓе од страна, стрини, тетки.... За во кафич некако ич не ни размислувам, не ми се оди во гужва... Ако веќе се решам да отидам некаде, сакам тоа да биде надвор од Македонија, мислам големи се шансите и за ова па ќе видиме, а со оглед на тоа дека годинава беше моја ќе се потрудам и така да ја завршам Само здравје, ќе видиме. Некако и ова времето не ми дава да се почвствувам како да иде нова година )) Али добро е нека продолжи и нека потрае ова Сонцето
Нова Година и каде ќе славите Ахх..си имам јас златно правило - кафиќ НИКАКО! Ќе се убијам дотерувајќи се и давајќи пари за да седам надената цела вечер, па уште и куп пијани момци што "не знаат" каде се наоѓаат, а многу добро знаат како да те смуваат набрзинка. Затоа лани си уживкав пред компјутер играјќи The Sims Годинава имаме најдено викендица на Шапка, со блиски пријатели, снег, без замарање за облека! Ќе биде одлично, знам!
Нова Година и каде ќе славите Синока баш разговаравме каде за Нова год на Пелистер во Молика тридневен аранжман 1050ден за една особа па ке размислиме Ова за Пелистер вистина толку ефтино? Ај пиши ми број за каде да се распрашам? Фала однапред
Нова Година и каде ќе славите Ова за Пелистер вистина толку ефтино? Ај пиши ми број за каде да се распрашам? Фала однапред
Нова Година и каде ќе славите Лакримоса, немој да ме зезнеш! Долче ми се јави сабајлето, или можеби тоа беше Габана, не знам сега, не е ни битно, битно ми кажаат дека се довршува фустанот и кај и да е ќе ми го испратат. Јас и ти стокмени во хотел Хилтон и со шампањацот ќе чекаме некој да не покани на валцер Шала на страна, не ми е битно кај ќе бидам, побитно ми е со КОГО ќе бидам, ако веќе. А како што тргнале работиве, секоја година спонтатно се одлучувам ден - два однапред, или поточно други одлучуваат за мене. Па и сама да останам дома, голема работа. Пиџамите на мене, руската и кифличките на стомак, јас во хоризонтална положба и филмски маратон пред мене Кафаните ги сакам во другите денови, не за НГ. А да трчам од влез до влез, за да сокријам глава од петарди, е толку адреналин па и баш не ми е потребен.
Нова Година и каде ќе славите Баш сега проверив на страницата на хотелот Молика и за жал пишува 10500, а не 1050. Еве погледнете си сами http://hotelmolika.com.mk/listnews_full ... lang=mk_MK Ајде и јас да ве прашам нешто. Јас би сакала да славам нова година во некое пристојно ресторанче/кафана во Скопје. Па дали имате некој предлог?
Нова Година и каде ќе славите Ресторанче-Кинески ресторан ,,Ѕвезден океан,,,ако сакаш интимно со партнер или мало друштво, добра храна... а за кафана...незнам не сум јас по кафаните,некако ми е свадбарски...и како за повозрасни=
Нова Година и каде ќе славите Доста ми е мене од кафичи и дискотеки. Долго време поминував низ тој хорор, со спремања, дотерувања, па плаќање некои смешни суми за една вечер.....веќе така не! Си се договараме со друштво и заминуваме некаде на планина, Маврово ли, Крушево ли, Берово ли...Колку убави места има!! Зависно од тоа колку пари имаме на располагање, остануваме најмалку 3 дена. Си купуваме се што треба, и Новата Година ја дочекуваме заедно сите во смештајот, па одиме во некој локален кафич. И така ми е најубаво! Без таа непотребна возбуда и еуфорија и триста чуда околу неа. А кога ќе се направи сума сумарум излегува дека јас сепак на планина со поминат викенд, сум потрошила помалку од некои другарки што слават две вечери во Скопје во кафана. Ете , тоа е тоа.
Нова Година и каде ќе славите Или во Крушево или на Шапка ќе идеме со друштво. Здосадено ми е од Скопјево и децава од 15 години што се потресуваат еден месец унапред што ќе носат, кај ќе идат, а после тоа се фалат кој колку се начукал и каква глупост напрајл. А ако не отидам надвор од Ск подобро на плоштад ќе идам отколку да фрлам пари за џабе по кафани, кафичи...
Нова Година и каде ќе славите Домашна атмосфера најверојатно, и до плоштад. Ми се смачи од кафичи кафани. Нема шанса на некое такво место да одам. Релаксирано онака, се надевам. Убава идеа ептен на Шапка, сакам да прашам тие што резервирале викендички, колку отприлика чинат изнајмувањата?
Нова Година и каде ќе славите Со другарки дома, најубаво ке си поминеме. Ќе излеземе и на плоштад во 00:00 се разбира а потоа журката ќе продолжи
Нова Година и каде ќе славите Уште ми е рано да размислувам за Нова Година.. Има уште цел месец така да има време, ама најверојатно ќе славам со дечко ми и неговото друштво.. е сега дали ќе биде во неговиот град или на друго место, не ми е ни толку важно. Поважно ми е со кога ќе бидам таа вечер..
Нова Година и каде ќе славите Значи вака, ние имаме изнајмено викендичка за 3 ноќи доаѓа 240 евра. Обично секогаш прашуваат колку ќе бидат во викендичката, затоа што не даваат за над 6-8 души. Е сеа се зависи и од газдата, а и од викендичката - колкава е, колку е средена...
Нова Година и каде ќе славите Лани бевме со дечко ми, сестра ми и нејзина другарка кај нас дома. Супер си поминавме. Ни дотерување, ни потресување. Оваа година дечко ми сака да одиме на некое бучно место, но мене пари не ми се даваат, па преговарам за кај него дома. Тој е во студентски, па ако има таму нешто, онака да видиме што, како Ова здравје ќе ми биде трета година во домашна атмосфера ако ми успее планот, па како и минатите, на мене ќе има секси долна облека, панталони и маичка
Нова Година и каде ќе славите Немам појма кај ќе славам, на 30-ти веројатно ќе знам. Воопшто не ми е некој битен настан тој последен ден од годината, повеќе би сакала сите други 364 дена да ми се убави и исполнети отколку целото значење да го очекувам на 31.12... Би сакала да одам до Истанбул и во тренерки да ја пречекам Новата година на некој плоштад со мојот сакан, со добро црвено вино и две големи чаши за истото. Е тоа е за мене убав пречек!
Нова Година и каде ќе славите ама баш ич не ми се собира по кафани и дискотеки, ќе мавнам 5000 ден за да се облечам па за таму уште 2000 утредента пак излегувања, сега се договараме со друштво да одиме во Маврово, има некој информација колку се движат цените за 3 ноќевања за 8 или 10 души (значи поголема куќа) ај ве молам ако има некој број нека ми пише ЛП. фала ви
Нова Година и каде ќе славите И кај мене горе доле иста ситуација како и кај повеќето од форумџиките... Немам уште одлучено како и што, ако евентуално бидам овде во Македонија, сакам во домашна атмосфера оваа година, ама дечко ми пак сака во кафичи, дискотеки и такви работи... Мене пак ми е смачено ми е од сите тие бучни забави, луѓе кои претерано се опседнуваат што и како ќе облечат за НГ а потоа воопшто нe се ни сеќаваат од што биле пијани. Здравје Боже има време до Нова Година, пак ќе ја посетам темава за на сигурно да си пишам