Абе се мислиме за во кафана ама не ни се дава толку мн за една вечер.. Што веројатно нигде. А ми се иде искрено во кафич негде. Битно да ми е он тука.
Знаете ли некој кафич у Скопје, да не биде во центар.. Најдобро е во Кисела Вода, Гази Баба или карпош.. До 800 ден. 1000 преку сила.. И да не пуштаат турбо фолк песни.. Ако има нешто вакво, ве молам пратете Лп. Итно ми треба, пошо ја и дечко ми не сакаме дома да славиме, а малку касно се одлучивме.. Фала однапред
На плоштад е некако досадно, а плус нема за јадење, и треба цела вечер да се стои... А убаво е во тоа Мезе-Бар Сопотско? Видов има интересна понуда
Дома ќе бидеме со мм со золва ми и зетот потоа после 12 ќе одиме на некоја дискотека се надевМ добро ќе поминеме
Се уште без одлука. Некако сите различни мислења за дочекот,некому прескапо некому не му се допаѓа изборот на музиката.Ако се прашувам јас куферите и некаде во некоја викендичка сред никаде. Но,се уште без план.
Ако некоја од Охрид го види постов, ја замолувам да ме извести дали Jazz Inn сеуште е во функција и што ќе има за НГ. (дали оди со влез, карта унапред шо треба да ја купам, или како?). Јас сум од Прилеп, ама не можам да најдам информација за моето омилено охридско место, си најдов смештај, ама освен на плоштад, сакам да си најдам и друго прибежиште
Moже ли некој од Охрид да ми каже какова е шемата по кафиќи, дали се резервирани и дали од напред се земаат карти или се може после 12 да се оди негде, или некоја др идеја за некое помало кафанче, ние сме четворица, годинава сакаме да избегаме од секојдневието во нашиот град, па ке идеме во охрид итака имаме смештај.