На дочекот на Новата Година сум тука,во Скопје.Најверојатно некоја кафана/ресторант. А утредента здравје одам за Истанбул На неколку дена ,за време на празниците да прошетам и секако на шопинг И да не ја заборавам Капали Чаршија која морам да ја поминам цела,па ко зна можда и некој убав ќилим ми падне за око А после ме чекаат малце испити на кои ќе морам да им се посветам,затоа што до сега не им посветив баш некое внимание ххх.
за дочекот на нова година на плоштад-оваа година навистина не ми е до славење а утре славиме со друштво во еден од скопските ресторани
Ех каде за Нова Година... Вака сега,јас новата година ќе ја дочекам во еден луксузен хотел со 8 ѕвезди,сместен во падините на Јорган Планина,се вика Хотел Дома.Во најавата стоеше дека ќе пее Перница Чаршафовска во придружба на диџеј Кревет,а како изненадување кој ќе настапи во 00:00 ќе биде диџејот Сон Кошмаровски.Ќе биде лудило...многу сум по забавите знам
Сакав да ве замолам,глеам дека некои пишувате за Охрид,може некоја фемнка да ми кажи (ако сака може и во порака) што опции се нудат? Така да би ви била благодарна
Ве читам по темиве за непотребното новогодишно лудило, за тоа притрескување само за една обична вечер, а јас би рекла сé во свое време. Сум славела дома со моите, па следеше некоја година со друштво од клас, па само женско друштво во домашна атмосфера, па мешано друштво по кафичи, па со дечко во кафич, па на плоштад, па следеше неколку години по кафани и ресторани, а последниве две ги прославив на планина. И сум смрзнувала за да бидам дотерана, и сум била облечена во нешто топло и удобно. И сум купувала нешто ново за дочекот, и сум поминувала со нешто веќе купено. Денес некои од тие работи ми се изживеани, баш затоа што сум ги поминала во тие години. Така што, како ви е волја, така поминете ја вечерта. Седењето дома не ви бега. Годинава здравје планот е со друштво во викендичката. Ќе спремиме трпеза, пиењето е тука, барем знам дека нема да имам проблем да се довлечкам до кревет. Единствено што ќе треба да се качам по скали
Прво се договаравме со друштво за во ресторан.Но,некако како да се нема желба... На крајот последната идеја беше за дома.Кај другар друштво од неколку особи ќе се собереме,ако ништо друго по лабаво ќе ни биде,топло ќе ни биде и блиску до дома.